Започнавме со испорачување на обуки за препознавање и работа со жени жртви на

насилство и семејно насилство преку мулти секторски пристап!

Во рамки на континуираната професионална едукација, Заводот за социјални дејности – Скопје, во
соработка и со поддршка од УНФПА и Британската амбасада во Скопје, започна со реализација на
обуките за стручните работници од центрите за социјална работа во Република Северна
Македонија.
Првата од четирите обуки се одржа во периодот од 24-26.02.2025 година во Охрид, на која
учествуваа 28 стручни работници од девет центри за социјална работа и тоа: Охрид, Струга,
Дебар, Кичево, Ресен, Прилеп, Битола, Тетово и Гостивар.

mk_MKMacedonian