Настанот беше одбележан со богата и инспиративна програма, посветена на значењето на семејната едукација. Во рамки на програмата се одржа панел-дискусија со учество на експерти од различни области, на која активно учествуваа и претставници од Заводот за социјални дејности.
Со своето присуство и учество, Заводот ја потврди својата посветеност кон унапредувањето на семејните вредности и промоцијата на важноста од едукација и поддршка на семејствата во современото општество.