Следење на континуирана професионална едукација
Стручните работници кои се стекнале со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, потребно е да учествуваат во континуирана професионална едукација, согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Учеството во континуираната професионална едукација, за секој лиценциран стручен работник е задолжителна, во периодот на важноста на лиценцата (5 години), бидејќи согласно член 241 од Закон за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23), на стручен работник му се обновува лиценца за работа, ако има освоено најмалку 60 бодови, согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Едукациите се спроведуваат на платформата за е-учење на далечина, на следнат веб адреса:
https://e-obuki.zsd.gov.mk/login/index.php
За најавување и користење на платформата за е-учење на далечина, потребно е да се најавите, согласно упатството во прилог.
ПРЕВЗЕМИ УПАТСТВО
НАПОМЕНА: Кодот за најава е ISA61. (со точка на крај)
Учесниците за да ја користат платформата за е-учење на далечина, потребно е да бидат најавени на платформата и во периодот кога едукациите се отворени за користење, да ги поминат сите чекори од одбраната едукација на пример (презентација, прирачник, проверка на знаење, евалуација и задолжително активно да присуствуваат на видео-конференцискиот состанок), за да можат да испечатат потврда за помината/завршена едукација.
Информациите за отворени едукации се објавуваат во банерот Новости/Соопштенија
Потврдите можат да се печатат само доколку се поминати сите предвидени чекори од едукацијата, неколку часа по завршување на видео-конференцискиот состанок, а најдоцна 5 дена од одржување на истиот.
Испечатените потврди, стручните работници се должни да ги приложат, при доставување на барање за обновување на лиценца.
НАПОМЕНА: Една иста помината/завршена едукација во рок од пет години, се уважува само еднаш.
Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници, во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги за 2024 година може да ја најдете на следниот линк: Програма за континуирана професионална едукација за 2024 година