ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

 

На 18.06.2025 година во просториите на  Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи  е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители, Министерството за внатрешни работи – Центар за обукa и Јавната установа Завод за социјални дејности – Скопје.

 

Со потпишувањето на овој Меморандум, наведените институции ќе ја зголемат меѓусебната комуникација со цел да ја воспостават и формализираат меѓуинституционалната соработка во промовирање на принципите на правдата за деца, заштита на правата на децата и нивниот најдобар интерес.

 

Соработката подразбира заеднички активности во полето на развој на системот за учење и професионален развој, како и истражување, анализа и создавање на едукативен материјал, а целните групи на корисници се вработените во правосудниот систем , внатрешните работи и систем на социјална заштита.

 

Меморандумот го потпишаа: г-ѓа Ирина Трајкоска Стрезоски-Директор на Академијата за судии и јавни обвинители, м-р Влатко Митковски-Помошник на министерот на Центарот за обука и г. Стојан Станиславски-Директор на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје

mk_MKMacedonian