Лиценците за стручните работници кои поднесоа барање за обнова на лиценца, заклучно со 13.10.2026 година,
се изготвени и може да се подигнат во просториите на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје во периодот од 16.11.2026 – 20.11.2026 година. Поради зголемен обем на работа и потреба од претходна подготовка на лиценците за подигнување, потребно е претходно да се најавите на:
• 075 / 242 – 953 или
Лиценците може да се подигнат лично или од друго лице, кое ќе прикаже важечки документ за лична идентификација.
Истовремено ги повикуваме сите стручни работници кои претходно се стекнале или обновиле лиценца, да се најават и да ги подигнат истите во наведениот период, бидејќи согласно член 236, став 4, лиценцата за работа на стручниот работник претставува јавна исправа за работа и се истакнува во просторијата за работа на стручниот работник.