Select Page

Продолжување на лиценца за работа

 

Поднесување на барање за продолжување на лиценца за работа доставува стручниот работник, кој од оправдани причини (болест, породилно отсуство, платено или неплатено отсуство и слично) не ги исполнил условите за обновување на лиценца, односно нема доволен број на бодови, согласно Програмата за континуирана професионална едукација во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.

 

Барањето за продолжување на лиценца заедно со другите потребни документи стручниот работник ги доставува на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива, веднаш по враќањето на работа.  Комисијата за лиценцирање ја продолжува лиценцата за работа за наредните шест месеци по враќање на работа, во кој период стручниот работник треба да ја заврши задолжителната едукација, односно да ја заврши континуираната едукација.

 

Потребни документи за продолжување на лиценца:  

 

  • Барање за продолжување на лиценца за работа (образец);
  • Доказ за постоечката лиценца  за работа (копија од решение или лиценца);
  • Доказ за спреченоста за посета на едукација и освојување на потребните бодови;
  • Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (не постар од 6 месеци);
  • Решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга/водител на случај (за вработените во јавни установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги во кој што е наведена социјалната услуга на која работи стручниот работник;
  • За вработените (економист) кои постапуваат по парични права во центар за социјална работа – решение за распоредување на работно место давател на јавна услуга во парични права;
  • Доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница)
  • За кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме), доказ  за промената на личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме) копија.

 

ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.

 

Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој

 

076 475 451

075 242 953

02/3230-401

 

e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk

 

 

mk_MKMacedonian