Обновување на лиценца за работа
Поднесување на барање за обновување на лиценца за работа е одговорност на самиот стручен работник и барањето за обновување на лиценца за работа се поднесува најмалку три месеци пред истекот на важноста на лиценцата. Барањето за обновување на лиценца, заедно со другите потребни документи стручните работници треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за обновување на лиценца:
- Барање за обновување на лиценца за работа (образец);
- Доказ за постоечката лиценца за работа (копија од решение или лиценца);
- Потврда за освоени бодови согласно Програмата (потврдата ја издава ЈУ Завод за социјални дејности по службена должност, при аплицирање);
- Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (не постар од 6 месеци);
- Решение за распоредување на работно место давател на јавна услуга/водител на случај (за вработените во јавни установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги во кој што е наведена социјалната услуга на која работи стручниот работник;
- За вработените (економист) кои постапуваат по парични права во центар за социјална работа – решение за распоредување на работно место давател на јавна услуга во парични права;
- Доказ за платен надомест на трошоците за издавање на лиценца
- За кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме), доказ за промената на личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме) копија.
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
Телефон:
- 076 475 451
- 075 242 953
- 02/3230-401
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои аплицираат за лиценца во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.