Издавање на лиценца за вршење на стручно-економска работа за постапување по парични права во центарот за социјална работа
Издавање на лиценца за вршење на стручно-економска работа за постапување по парични права во центарот за социјална работа, се врши на стручни работници вработени во центарот за социјална работа, кои постапуваат по парични права и се даватели на јавни услуги.
Аплицирањето за издавање на лиценца се врши во точно определени сесии за аплицирање кои се објавуваат во делот Известување.
Кандидатите кои аплицираат во сесиите за издавање на лиценца за работа, потребно е да поднесат барањето за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за аплицирање:
Согласно Правилникот за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.23/2026) и Програмата за полагање на стручен испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
- Барање за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за вршење на стручно – економска работа за постапување по парични права во центарот за социјална работа (образец);
- Уверение или диплома за завршено високо образование (економист) со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (прв циклус на студии).
- Доказ за државјанство на Република Северна Македонија (не постар од 6 месеци);
- Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (не постар од 6 месеци);
- Потврда за помината почетна едукација спроведена согласно Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги (во натамошниот текст: Програмата) (потврдата ја издава ЈУ Завод за социјални дејности по службена должност, при аплицирање);
- Решение за распоредување на работно место давател на јавна услуга (економист), за постапување по парични права во центар за социјална работа, издадено по завршување на менторска работа;
- Доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца (уплатница);
- Приказ на студија на случај (образец) која се однесува на услугата на која кандидатот работи во моментот, електронски пополнета на образец согласно Програмата за полагање на испитот, испечатена во четири примероци и доставена во хартиена верзија;
- За кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме), доказ за промената на личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме) копија.
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
076 475 451
075 242 953
02/3230-401
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои аплицираат за лиценца во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.