Обновување на лиценца за работа
Поднесување на барање за обновување на лиценца за работа е одговорност на самиот стручен работник и барањето за обновување на лиценца за работа се поднесува најмалку три месеци пред истекот на важноста на лиценцата. Барањето за обновување на лиценца, заедно со другите потребни документи стручните работници треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за обновување на лиценца:
- Барање за обновување на лиценца за работа (образец));
- Доказ за постоечката лиценца за работа (копија од решение или лиценца);
- Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (не постаро од 6 месеци);
- Решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга (за вработените во јавните установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги;
- Потврди за освоени 60 бодови, согласно Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги (издадени преку е-платформата за учење на далечина или од дополнителни професионални активности, по избор на стручниот работник);
- Доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница)
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).
Kонтакт:
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
Телефон:
076 475 451
075 242 953
02/3230-401
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои аплицираат за лиценца во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.