НОВОСТИ

 

Почетната едукација за стекнување со општа лиценца согласно Програма за континуирана професионална едукација за стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги за 2025 година, ќе со одржи во период од 10.09.2025 – 16.09.2025 година.  

Почетната едукација за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, согласно Програма за континуирана професионална едукација за стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги за 2025 година, ќе со одржи на 04.09.2025 година.  

НАПОМЕНА: Сите пријавени стручни работници за почетна едукација ќе добијат покана за почетна едукација на е-мeил адресите, кои ги доставиле за контакт. Доколку два дена пред почетокот на едукацијата, пријавените стручни работници, немаат добиено покана на доставената е-мeил адреса, да се обратат на службениот меил за лиценцирање: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk 

Пријавените стручни работници за стекнување со општа лиценца се поделени во две групи и присуството на сите пет едукации е задолжително, согласно терминот за кој ќе добијат покана. Промена на термините не е можна, бидејќи групите се веќе формирани.   

Пријавените стручни работници за стекнување со посебна лиценца за водител на случај задолжително треба да присуствуваат на сите три едукации, согласно добиените покани.  

Непочитувањето на наведеното, ќе го оневозможи понатамошниот процес на спроведување на постапката за лиценцирање.

mk_MKMacedonian