Lëshimi i licencës speciale për menaxher rasti
Посебна лиценца за водител на случај се издава на стручни работници вработени во центар за социјална работа, кои веќе поседуваат важечка општа лиценца за вршење стручна работа во центарот за социјална работа.
За посебна лиценца за водител на случај може да аплицираат вработените во центар за социјална работа кои се распоредени на работно место водител на случај.
Аплицирањето за стекнување со посебна лиценца за водител на случај се врши во точно определени сесии кои се објавуваат во делот Известување.
Кандидатите кои аплицираат е потребно да поднесат барање за полагање на посебен испит за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање (за посебна лиценца), по пошта или лично во архива.
Потребни документи за аплицирање:
Согласно Правилникот за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.23/2026) и Програмата за полагање на испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
- Барање за полагање на стручен испит за стекнување со посебна лиценца за водител на случај во центар за социјална работа (образец);
- Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (не постар од 6 месеци);
- Потврда за помината почетна едукација спроведена согласно Програмата (потврдата ја издава ЈУ Завод за социјални дејности по службена должност, при аплицирање);
- Решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга – водител на случај;
- Доказ за постоечка општа лиценца за работа (копија од решение или лиценца);
- Доказ за платен надомест на трошоците за издавање на лиценца;
- Приказ на студија на случај која се однесува на услугата (или водењето на случај) на која кандидатот работи во моментот, електронски пополнета на образец согласно Програмата за полагање на испитот, испечатена во четири примероци и доставена во хартиена верзија;
- За кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме), доказ за промената на личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме) копија.
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
Телефон:
- 076 475 451
- 075 242 953
- 02/3230-401
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk