02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk

Во пресрет на Светскиот ден на бегалците – 20 јуни , Заводот за социјални дејности – Скопје беше домаќин на повеќе чинители кои имаат надлежност и обврска секој во својата сфера, да постапуваат по прашања кои се однесуваат на бегалците.
Присутните претставници, Габриел Гулијано де Годој – претставник на УНХЦР во Македонија , Дејан Ивковски од Министерство за труд и социјална политика и директорот на Заводот, Стојан Станиславски истакнаа дека благодарејќи на заедничките напори на Министерството за труд и социјална политика, агенциите на Обединетите нации – Високиот Комесаријат за бегалци UNHCR и Детскиот фонд UNICEF, Заводот за социјални дејности направи пресвртница во сферата на дигиталното учење, со што професионалците во системот на социјалната заштита имаат пристап до модули за учење во разни области од делокругот на работата. Тука се вклучени и содржини од областа на заштита на бегалците, децата во движење, нивните права и услуги во сферата на социјална заштита, со што професионалците добиваат знаења, вештини и развиваат компетенции за работа со лицата на кои им е потребна меѓународна заштита.
Продолжуваме заедно да учиме, да се прилагодуваме и воведуваме новини и иновации со цел поинклузивен и солидарен свет, каде секој кој има потреба од помош и поддршка е добредојден .