ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје во рамки на континуираната професионална едукација, во соработка со Универзитетската Клиника за психијатрија, поддржано од УНИЦЕФ, во периодот од 22.08. до 13.09. 2023 година организираше серија на обуки на тема: Психосоцијална помош и поддршка на деца корисници на услуги во системот на социјална заштита преку јакнење на компетенциите на стручните работници и децата.
Присутните учесници искажаа задоволство од начинот на организација на обуките, содржината и темите што се презентираа, начинот на презентирање од страна на обучувачите, стекнатите знаења и вештини, како и интерактивната дискусија и соработката со останатите учесници.