02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk

 “Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици “ претставува проект кој е финансиски поддржан од Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија.

 Заводот за социјални дејности и Македонското здружение на млади правници имаат воспоставено долгогодишна соработка која се однесува на заедничко градење на капацитетите на социјалните работници, вработените во Заводот за социјални дејности, претставници на невладини организации како и соработка во врска со обезбедување на бесплатна правна помош на ранливи категории на лица во насока на подобрување на нивниот пристап до правда. Драго ни e што повторно стапуваме во партнерство со македонското здружение на млади правници и другите релевантни здруженија кои се дел од овој проект со кои исто сме имале соработка во насока на натамошно јакнење на принципот на владеење на правото и правната сигурност во Република С. Македонија, овој пат во врска со спроведување на активности кои се однесуваат на зајакнување на капацитетите и меѓуинституционалната соработка помеѓу казнено-поправните установи, пробациските службеници, центрите за социјална работа и другите даватели на услуги со цел ресоцијализацијата и реинтеграција на осудени и поранешно осудени лица.
Заводот и МЗМП ќе соработуваат како во однос на реализација на општите цели на проектот насочени кон спречување на ранливоста на затворениците по ослободувањето и подобрување на практиките за ресоцијализација, реинтеграција и пост-пенална нега на национално и локално ниво, така и во однос на спроведување на сет на активностите за зајакнување на капацитетите на институциите и меѓуинситуционалната соработка. Меѓу мноштвото активности во проектот кој се уредени со меморандум за соработка потпишан од двете страни, се предвидува изработка на специјална тренинг програма за зајакнување на капацитетите на стручните работници во центрите за социјална работа  и останатите даватели на социјални услуги за нивно ефикасно постапување со поранешно осудени лица пред и после издржување на казната затвор со цел нивна реинтеграција и ресоцијализација во заедницата.
За таа цел ,Заводот ќе даде свој придонес во модулите кои ќе ги развие МЗМП , за обука за давателите на пост-пенална заштита. Модулите за обука ќе содржат две компонентипрвата ќе се фокусира на социјалните работници, пробациските службеници, а вториот ќе се фокусира на лиценцирани даватели на социјални услуги на локално ниво, како и други субјекти заинтересирани да обезбедат иновативни социјални услуги за претходно осудени лица.
Воедно, ќе даде поддршка во спроведувањето на обуките за пост-пенална заштита чија цел е градење на капацитетите на различните даватели на услуги за активно вклучување во процесот на рехабилитација на осудените лица по нивното ослободување и зајакнување на работата за социјална заштита со поранешно осудените лица на ниво на заедницата.
Заводот е биде линкот помеѓу ЦСР и МЗМП, во организирањето и спроведувањето на обуките, ќе помогне во назначувањето на контакт лица од Центрите за социјални работи на локално ниво да учествуваат на регионалните работни состаноци за зајакнување на меѓуинституционалната соработка помеѓу релевантните институции(пробациски службеници, сектор за ресоцијализација во затворите, претставници на локалната заедница, социјални работници, локална бизнис зедница, АВРМ итн)
Заводот ќе ги вклучи активностите – модулите за обука во Програмата за професионална едукација на стручните работници во ЦСР и давателите на социјални услуги, со што ќе се обезбеди одржливот на знаењата и  компетенциите  на професионалците  а со тоа  зајакнување на капацитетите на институциите за развој на услугите за социјална заштита на локално ниво.

Преку сорабоката на Заводот со организации од граѓанскиот сектор, ја исполнуваме нашата визија  и намера за развој на Квалитетни  услуги кон граѓаните обезбедени во современ систем на социјална заштита кои превенираат ранливост и исклученост и овозможуваат способност за справување со социјалните  ризици и функционално живеење.