02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk

На 15 декември 2022 година , во просториите на Заводот за социјални дејности , Директорот на Заводот С.Станиславски и Деканот на Факултет за Безбедност проф.д-р Никола Дујовски , потпишаа Меморандум за соработка за реализација на заедничко истражување поврзано со процесот на деинституционализација на установите за деца ви ризик и деца во судир со законот.

Меѓусебната соработка произлегува од законските надлежности и потребата од континуиран процес на истражување и унапредување на процесот на деинституционализација на децата во ризик и во судир со законот, како и спроведување на истражувања, анализи и евалуации што се дел од научната дејност на високообразовните установи во Република Северна Македонија.
Факултетот за безбедност – Скопје и ЈУ Заводот за социјални дејности – Скопје ќе соработуваат и взаемно ќе остваруваат помош и поддршка со цел организирање и спроведување научно истражувачки фундаментални и применети проекти, анализи и евалуации кои се поврзани со децата во ризик и во судир со законот во Република Северна Македонија и други облици на соработка со цел размена на искуства, знаења и унапредувања на состојбите во оваа област. Соработката на страните особено се однесува на:
• спроведување на заедничко истражување поврзано со процесот на деинституционализација на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, со цел да се согледа успешноста од функционирањето на организационите единици,
• размена на податоци и овозможување пристап до податоци и до организационите единици,
• унапредување на интеграцијата и поддршката на децата од организационите единици во локалната заедница 
• воспоставување мрежа на социјална поддршка како дел од процесот на деинституционализација и оспособување на децата за самостојно живеење.