02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk
На ден 31.10.2022 на ZOOM платформата, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје заедно со УНХЦР и УНИЦЕФ ја  промовираа дигиталната платформата за учење на далечина,  за професионалците во системот на социјална заштита.

Со активирање на дигиталната платформа стручните работници ќе имаат олеснет пристап до едукации од Програмата за континуирана професионална едукација, како и до дополнителни стручни материјали и информации поврзани со одбраната едукација, што ќе овозможи унапредување на знаењата и подобрување на квалитетот на услуги кон корисниците. Воедно пристапноста до онлајн едукациите ќе го подобри и процесот на лиценцирање на стручните работници.

Е-платформата е развиена со поддршка на Министертсвото за труд и социјална политика, а финансирана од Европска Унија во проект спроведен од УНХЦР и УНИЦЕФ.