На ден 04.06.2021 година, во просториите на ДХО Даре Џамбаз Скопје, се одржа средба на претставниците од Заводот за социјални дејности – Скопје, со директорите на Центрите за социјална работа.
Тема на работниот состанок беше потребата од продолжување на одржување интерактивни обуки за водење на случај по области, за стручните лица во системот на социјална заштита.
Водењето на случај е новитет предвиден со социјалната реформа од 2019 година, со единствена цел, испорака на квалитетни социјални услуги до корисниците.
Заводот за социјални дејности во рамки на своите законски надлежности, продолжува да се грижи за подигнувањето на стручните капацитети на вработените во системот и ќе организира серија на обуки за стручните работници од Центрите за социјална работа.