На ден 22 јануари 2021 година во просториите на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје се одржа средба помеѓу Директорот на ЈУ Завод за социјални дејности – Стојан Станиславски и претседателот на Здружението на социјални работници на Македонија – Гоце Прцуловски на кој ја официјализираа досегашната соработка со потпишување на меморандум за понатамошна соработка. Како прв чекор од соработката за 2021 година, ЗСРМ им овозможи пристап на обучувачите од ЈУ ЗАД до ZOOM платформата на ЗСРМ, со цел за подобрување на квалитетот на обуките за стручни лица од установите за социјална заштита во услови на пандемија.