02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk

Заводот за социјални дејности е јавна установа за унапредување на социјалната дејност, со надлежност на територија на целата држава, која согласно Законот за социјалната заштита, ги врши следниве работи:

 

– следи, истражува и анализира социјални појави и проблеми;
– предлага мерки за унапредување на дејноста социјална заштита;
– спроведува лиценцирање на стручните работници во дејноста социјална заштита;
– спроведува активности за професионален развој на стручните работници во установи за социјална заштита и други даватели на социјални услуги;
– врши проценка на потреби од континуирана професионална едукација на стручните лица во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги и носи програма за континуирана професионална едукација по претходно мислење од Комисијата за одобрување програми за континуирана професионална едукација;
– дава стручно мислење при изготвување на програми и стратегии за развој на социјалната заштита;
– подготвува стандарди и процедури за работа на стручните лица во установите за социјална заштита и другите овластени даватели на социјални услуги;
– води електронски регистар на одобрени програми за професионална едукација
– донесува Етички кодекс за стручните работници во дејноста социјална заштита;
– врши надзор над стручната работа на установите за социјална заштита и другите овластени даватели на социјални услуги;
– спроведува супервизија во стручната работа во јавните установи за социјална заштита и на стручните лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија–центри за вработување, а кои работат на водење на случај и соработуваат со стручните лица во центрите за социјална работа;
– остварува стручна соработка со домашни и меѓународни експерти, релевантни институции и организации и
– објавува стручни публикации во дејноста социјална заштита.
– Води регистар за лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија.