Сесии за аплицирање за издавање на лиценца за работа
НАПОМЕНА: КАНДИДАТИТЕ КОИ ЌЕ АПЛИЦИРААТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ ЗАВЕРЕНИ НА НОТАР И ДА ГО ПОЧИТУВААТ РОКОТ ЗА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ. БАРАЊАТА КОИ СЕ ПОДНЕСЕНИ ПО ИСТЕКОТ НА ПРЕДВИДЕНИОТ РОК, НЕМА ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ВО ПРЕДВИД.
НАПОМЕНА: Кандидатите кои имаат промена на идентитет ( лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име )
Сесии за аплицирање за стекнување со посебна лиценца за водител на случај
Комисијата за лиценцирање објавува сесија за аплицирање за стекнување со посебна лиценца за водител на случај во центар за социјална работа. Кандидатите кои ги исполнуваат условите за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, потребните документи треба да ги достават до ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, лично или по пошта, со назнака за Комисија за лиценцирање-Водител на случај, во периодот од 09.09.2021 до 22.09.2021 година.
НАПОМЕНА:
-Поради епидемиолошката состојба во државата, мерките, препораките и протоколите на Владата се препорачува аплицирањето за посебна лиценца да биде преку пошта.
-Кандидатите кои имаат промена на идентитет ( лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме ).
-Студијата на случај за полагање на практичниот дел од испитот за посебна лиценца за водител на случај треба да биде сработена по методот на интегрирано водење на случај.