Поднесување на барање за обновување на лиценца за работа е одговорност на самиот стручен работник и барањето за обновување на лиценца за работа се поднесува најмалку три месеци пред истекот на важноста на лиценцата. Барањето за обновување на лиценца, заедно со другите потребни документи стручните работници треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за обновување на лиценца:
1. Барање за обновување на лиценца за работа (образец)
2. Доказ за постоечката лиценца за работа (копија од решение или лиценца)
3. Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната
4. Решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга (за вработените во јавните установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги
5. Доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница)
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР
Лица за контакт:
Служба за правно нормативни работи и професионален развој
076 475 451
075 242 953
(ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје) телефон 02/3230-401 e-mail:juzsd-sk@mtsp.gov.mk