02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk

Посебна лиценца за водител на случај се издава на стручни работници вработени во центар за социјална работа. За посебна лиценца за водител на случај може да аплицираат вработените во центар за социјална работа кои се распоредени на работно место водител на случај.

Аплицирањето за стекнување со посебна лиценца за водител на случај се врши во точно определени сесии кои се објавуваат во делот Сесии за аплицирање за издавање на посебна лиценца за водител на случај во центар за социјална работа.

Кандидатите кои аплицираат е потребно  да поднесат барање за полагање на посебен испит за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје , ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање (за посебна лиценца), по пошта или лично во архива.

Потребни документи за аплицирање:

Согласно Правилникот  за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.79/2020) и Програмата за полагање на испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:

Кандидатите кои ќе аплицираат за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, потребните документи ги приложуваат во оригинал или копии заверени од нотар. Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).