Издавање на општа лиценца за работа
Издавање на општа лиценца за работа, се врши на стручни работници вработени во дејноста социјална заштита, односно вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
На вработените во јавните установи лиценца за работа во дејноста социјална заштита им се издава само доколку се распоредени на работно место даватели на јавни услуги.
Аплицирањето за издавање на лиценца се врши во точно определени сесии за аплицирање кои се објавуваат во банерот Новости/Соопштенија.
Кандидатите кои аплицираат во сесиите за издавање на лиценца за работа, потребно е да поднесат барање за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за аплицирање:
Согласно Правилник за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.79/2020) и Програмата за полагање на испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
- .Барање за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа
- Уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1степен (уверението треба да биде за прв циклус на студии и не се признава диплома);
- Доказ за државјанство на Република Северна Македонија (не постаро од 6 месеци);
- Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (не постаро од 6 месеци);
- Потврда за помината почетна едукација спроведена согласно Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги (потврдите ќе бидат изготвени и ставени во прилог на досието од страна на ЈУ Завод за социјални дејности, за сите стручни работници кои ја имаат поминато почетната едукација со сите задолжителни содржини предвидени во програмата);
- Решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга (за вработените во јавните установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги (кај даватели на јавни услуги да биде доставено решение изготвено по завршена пробна работа, а кај вработените кај други даватели на социјални услуги во договорот да биде назначено работното место и услугата на која работат);
- Доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница)
- 8. Приказ на студија на случај (образец) (електронски изготвена во четири примероци и да се однесува на услугата на која кандидатите работат во моментот).
.
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).
Kонтакт:
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
Телефон:
076 475 451
075 242 953
02/3230-401
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои аплицираат за лиценца во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.