ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје (во октомври 2017 година) во својата организациона структура има 4 служби:

  • Служба за административни и помошно-технички работи, со два оддела, и тоа:
    • Оддел за административна работа
    • Оддел за помошно-технички работи
  • Служба за надзор над стручната работа, мониторинг и евалуација
  • Служба за истражување, анализа, едукација и развој и
  • Служба за координација, информирање и поддршка

 

Структурата на вработените, според профил е следната:

Вкупно:  20 вработени (19 стручни извршители – даватели на јавни услуги и 1 извршител на административно технички работи):

 

  • 8 социјални работници, од кои 2 магистри,
  • 3 педагози, од кои 1 магистар и 2 доктори на науки
  • 3 психолози
  • 2 дефектолози
  • 2 правници, од кои еден ВД Директор на ЈУ ЗСД Скопје
  • 1 социолог –магистар

и

  • 1 извршител на административно технички работи