• Установата е основана со Одлука на Извршниот совет на СРМ со Решение бр. 09-1751 од 30.09.1961 година како Републички завод за социјални прашања – Скопје  усогласен со О.бр.23-858/1 од 13.04.1998 год. на Влада на РМ Сл.Весник на РМ 19/98 ) како Републички Завод за унапредување на социјалните дејности , и  со решение бр 73/2000  од 31.03.2000 година од Основен Суд Скопје 1 Скопје продолжува да функционира како ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје , заведен во регистарска влошка 1-267-0-0-0.
  • Согласно Одлуката за утврдување на мрежата на јавните установи за социјална заштита бр. 41-2743/1 донесена од  Владата на Република Македонија на 1.05.2013 година (Службен весник на Република Македонија бр.67/13), Установата  продолжува да работи како јавна установа за социјална заштита основана од Владата на Република Македонија со следниов назив ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје.