МИСИЈА

 

Заводот има мисија за обезбедување развој на компетенции и квалификации, сертифицирање,поддршка и насочување како и лична професионална промоција на давателите на социјални услуги. Заводот обезбедува актуелни информации и податоци за состојбите во областа на социјалната заштита како основа за планирање, развивање и унапредување на  квалитетот на услугите кон граѓаните.

  

ВИЗИЈА

 

 Заводот е современа, ,динамична и флексибилна институција со функционален тим, препознаен квалитет, капацитет и  професионален пристап, која се грижи за кариерниот и професионален развој на  своите вработени, обезбедува стимулативни услови за  работа и примена на  меѓународно прифатени стандарди. 

  

НАМЕРА

 

Квалитетни  услуги кон граѓаните обезбедени во современ систем на социјална заштита кои превенираат ранливост и исклученост и овозможуваат способност за справување со социјалните  ризици и функционално живеење.