Map Unavailable

Date/Time
Date(s) - 15/05/2015
10:30 am - 3:30 pm

Categories No Categories


На 15.05.2015 година, во Тренинг Центарот на ЈУ ЗСД  – Скопје ќе се одржи Основна обука наменета за стручните работници од ЦСР и УСЗ во Македонија, според Модулот 5, насловена како „Работа во заедници“, која е заснована на Тренинг Програмата за континуиран професионален развој на стручните лица во системот за социјална заштита.

Обуката ќе се реализира од 10:30 – 15.00 часот, а ќе ја водат Душанка Петрова и Аленка Бинички, социјални работници  од ЈУ Завод за социјални дејности.

На обуката се поканети стручни работници од следните ЦСР и УСЗ:

  • 5 ЦСР: Скопје, Неготино, Прилеп, Куманово (Одд. Липково), Кавадарци
  • 4 УСЗ: ЈЗУ Геронтолошки Завод – Оддел „Мајка Тереза“ – Дом за стари лица, ПУ Дома за стари лица „Свети Спас“ – Битола, Дома за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово и Мал Групен Дом – Берово.