Map Unavailable

Date/Time
Date(s) - 19/05/2015
10:30 am - 3:30 pm

Categories No Categories


 На 19.05.2015 година, во просториите на Дневниот центар за лица со Даунов синдром (лоциран над ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола) ќе се одржи обука наменета за стручните работници од ЦСР во Македонија, според Модулот 5, насловена како „Работа во заедници“, која е заснована на Тренинг Програмата за континуиран професионален развој на стручните лица во системот за социјална заштита.

Обуката ќе се реализира од 10:30 – 15.30 часот, а ќе ја водaт Душанка Петрова и Аленка Бинички, социјални работници  од ЈУ Завод за социјални дејности.

На обуката се поканети стручни работници, од следните ЦСР: Прилеп, Битола, Крушево, Кавадарци и Ресен.