02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk
На 14 октомври 2022 година , во просториите на Заводот за социјални дејности , Директорот на Заводот С.Станиславски и директорката на Македонското здружение на млади правници  А.Цветановска , потпишаа Меморандум за соработка за имплементирање на активности во рамки на проект ,, Воспоставување услуги во заедницата“

за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици  финансиски поддржан од Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија.

Целта на проектот е намалување на рецидивизмот и спречување на  ранливоста на затворениците по ослободувањето преку зајакнување на политиките и практиките за ресоцијализација, реинтеграција и пост-пенална нега во огласност со најдобрите меѓународни и европски стандарди.
Меѓу другите активности се  предвидува и изработка на специјална тренинг програма за зајакнување на капацитетите на вработените во центрите за социјална работа и останатите даватели на социјални услуги за нивно ефикасно постапување со поранешно осудени лица пред и после издржување на казната затвор со цел нивна реинтеграција и ресоцијализација во заедницата.