1.Комисијата за лиценцирање објавува сесија за аплицирање за издавање на општа лиценца за работа во дејноста социјална заштита во периодот од 01.04.2022- 14.04.2022 година.
2.Комисијата за лиценцирање објавува сесија за аплицирање за издавање на посебна лиценца за водител на случај во центар за социјална работа во периодот од 01.04.2022- 14.04.2022 година.
НАПОМЕНА: Кандидатите кои аплицирале во претходните сесии, а не полагале или биле одбиени поради неисполнување на некои од условите, потребно е да достават само ново барање, последно Решение за распоредување и Согласност за обработка на лични податоци која е додадена во потребната документација за аплицирање.
Доколку потребната документација се доставува по пошта потребно е на ковертот да се назначи точно за која лиценца се аплицира.
Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име)