02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk
Комисијата за лиценцирање објавува сесија за аплицирање за издавање на општа лиценца за работа во дејноста социјална заштита во периодот од 20.12.2021 до 20.01.2022 година.

НАПОМЕНА: Кандидатите кои аплицирале во претходните сесии, а не полагале или биле одбиени поради неисполнување на некои од условите, потребно е да достават само ново барање, Решение за распоредување и Согласност за обработка на лични податоци која е додадена во потребната документација.

Комисијата за лиценцирање објавува сесија за аплицирање за издавање на посебна лиценца за водител на случај во центар за социјална работа во периодот од 20.12.2021 до 20.01.2022 година.

НАПОМЕНА Кандидатите кои не го положиле испитот, потребно е да достават барање за полагање на испит, доказ за платен надомест за трошоци за издавање на лиценца (уплатница) , нова студија на случај и согласност за обработка на податоци која е објавена во делот на потребни документи за аплицирање.