02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk
Почитувани,
Ве известуваме дека ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје е во процес на изготвување на  е-платформа, наменета за едукација на стручните работници вработени во установите за социјална заштита и други даватели на социјални услуги.
Е-платформата е во фаза на тестирање на нејзиното функционирање, проверка  и пристап на корисниците.  Во моментот има поставено две обуки на платформата: ,,Процена на најдобриот интерес на детето,, и ,,Интеркултурна медијација,,, како и еден Прашалник.
Ве молиме, како идни корисници на е-платформата, во наредните денови да пристапите кон платформата, да се регистирате, да ја разгледате, со цел да ги согледате нејзините можности. При тоа може да ги погледенете двете обуки, можноста за индивидуален пристап кон нив, алатките кои се користат и можноста за креирање на потврда од помината електронска обука. Воедно ве замолуваме да го пополните Прашалникот за стручни работници кој е во посебниот фолдер.
Платформата можете да ја отворите на следниот линк e-obuki.zsd.gov.mk
 
При регистрацијата потребно е да се внесе кодот isa61 и да креирате сопствена корисничка сметка која ќе ја користите и при финализирање на е-платформата.
Навреме ќе бидете известени за нејзино финализирање и можност да пристапите кон неа за користење на услугите кои ќе ги понуди.
Ви благодариме на соработката.

Директор,
Стојан Станиславски​