02 3230-401 juzsd-sk@mtsp.gov.mk

ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, во месец мај започува со испорака на едукации за континуирана професионална едукација, согласно Програмата за континуирана професионална едукација за стручните лица во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги за 2021 година.

               Се известуваат стручните работници, кои ќе бидат поканети на едукациите на e-mail адресите кои ги доставиле, дека треба да учествуваат на истите, бидејќи согласно евиденцијата на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, треба да ги достигнат неопходните бодови за обнова на лиценца.