ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје согласно законските надлежности врши следење на  социјалните ризици поврзани со Законот за правда за децата, односно децата во ризик и децата во судир со законот, како и негова имплементација во системот на социјална заштита и примената на мерките на помош и заштита на оваа категорија корисници.

Предмет на овој извештај е согледување на состојбата на оваа категорија корисници во сите 30 центри за социјална работа во Р.Македонија, како и анализа на преземените активности и дадените услуги на овие деца и нивните семејства за период јануари – декември 2014 година.

 

Овој извештај е направен врз основа на согледување на следниве индикатори :

  • добиени известувања и акти по кои постапува ЦСР (од МВР, училиште, родители, НВО, оштетен и др, како и акти од ЈО и СУД.);
  • вид на корисник корисник (дете во ризик; дете во ризик до 14 год.; дете во ризик од 14 до 18 год.; дете во судир со законот од 14 до 16год. ; дете во судир со законот над 16 год. и помладо полнолетно лице – кое наполнило 18 год., а не наполнило 21 год.) ;
  • добиени решенија за изречени санкции од СУД по кои постапува ЦСР;
  • применети форми на заштита од страна на ЦСР кон оваа категорија корисници.

 

Во 2014 година добиени се вкупно 3590 известувања и акти по кои постапувале центрите за социјална работа и тоа :

 

Табела бр. 1

 

Добиени акти

(од известувања од: училишта, родители,

МВР, ЈО и СУД.)

 

Добиени во 2014 година

 

Дете во ризик

 

538

 

Дете во ризик

до 14 години

 

469

 

Дете во ризик

од 14-18год.

 

1025

 

Дете во судир со законот

од 14-16год.

 

415

 

Дете во судир со законот

над 16 год.

 

 

984

 

Помладо полнолетно лице

(кое наполнило 18 год., а не наполнило 21 год.)

 

 

159

 

Вкупно:

 

 

3590

 

 

Во центрите за социјална работа во 2014 година била спроведена стручна работа спрема вкупно 11453 деца, од кои 2846 ново евидентирани во тековната година.

Дел од овие деца се на евиденција и третман во центарот за социјална работа повеќе години наназад, заради спроведување на некоја мерка на помош и заштита или изречена санкција од страна на судот која согласно законот може да се спроведува подолг временски период.

 

За децата кои се во судир со законот, односно се јавуваат како сторители на кривични дела и прекршоци, реакцијата на судскиот систем е преку изречена санкција. Од изречените санкции во 2014 година, најзастапени се воспитните мерки, односно „Засилен надзор од страна на родиел/старател“ , а најмалку се изрекуваат заводските и казната затвор.

 

Законот за правда за децата упатува и на примена на мерки за помош и заштита, кои се понудени како можни решенија при состојба на ризик на детето и неговото семејство. Истите обезбедуваат состојбата на ризик да не се продлабочи, притоа овозможуваат превенција на малолетничкото престапништво и намалување на рецидивизмот.

Согласно Правилникот за формата и содржината и начинот на водење на Регистарот за примена на мерки на помош и заштита на деца и малолетници во ризик (Сл.весник бр.136 од 30.10.2008 година) во центрите за социјална работа во текот на 2014 година применети се вкупно 7675 мерки, спрема 6718 деца и тоа најмногу оние кои се поврзни со Законот за социјална заштита односно примена на  вонинституционална заштита, теренска работа, обезбедување на лична документација, институционалната  заштита и во делот на остварување на парична помош. Видлива е применливоста и на Законот за семејство и Законот за малолетничка правда.

Најмалку се применуваат мерките на помош и заштита поврзани со Законот за основно и средно обазование, како и со Законот за здравство, што говори за недоволна, односно слаба соработка или недостаток од ресурси во овие сектори.

 

 

За повеќе информации обратете се во Заводот за социјални дејности

Контакт лица:

Снежана Пајовиќ-Мишевска, психолог

д-р Невена Петровска, педагог