Почнувајќи од 13 до 27 мај, 2015 година ќе се реализира серија на основни обуки, наменети за стручните работници од ЦСР и УСЗ во Македонија, според следните модули:

1) Воведна обука – на 13.05.2015 година

2) Модул 1: „Промовирање на еднаквост и вреднување на различноста на луѓето“ на 14.05.2015

3) Модул 5 : „Работа во заедници“,  на 15.05.2015

4) Модули 3 „Разбирање на потребите и работа со деца во ризик“ и 4: „Работење со семејства“  на 21.05.2015  и

5) Модул 6 „Одраз на праксата со користење на преглед ’еден – на – еден“ на 27.05.2015

Обуката ќе се реализира од страна на стручни работници  од ЈУ Завод за социјални дејности.

Локација: Тренинг Центар на ЈУ ЗСД 

На обуката се поканети стручни работници од 8 ЦСР и 3 УСЗ.