• Бројот на новоевидентирани жртви на семејно насилство (според добиените квартални табели од сите ЦСР) во првиот квартал на 2016 година изнесува 301, додека бројот на сторители е 299
  • Внесот во електронската база ЛИРИКУС, е за околу 1/3 помала и изнесува: 201 жртва на семејно насилство (67% внес на досиеја) и 147 сторители на семејно насилство (62% внес на досиеја).
  • Гледано според регионалната поделба во РМ, најмногу пријавени жртви на семејно насилство има во Југозападниот регион, потоа следат: Југоисточниот, Скопскиот регион и Пелагонискиот регион. Останатите региони имаат помалку изразен проблем со семејното насилство. Бројот на ново-евидентирани жртви на семејно насилство, според кварталните табели добиени од ЦСР, по региони изгледа вака:
  • Југозападен (Кичево, Охрид, Дебар, Струга, М. Брод): 67 (Од овој регион најмногу предничи Охридскиот центар со 59 жртви)
  • Југоисточен (Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш) – 65 (Од овој регион најмногу предничи Струмичкиот центар со 55 жртви на семејно насилство)
  • Скопски (Скопје): 63
  • Пелагониски (Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Д. Хисар): 45 (Од овој регион најмногу предничи Прилепскиот центар со 35 жртви)
  • Источен (Берово, Делчево, Виница, Штип, Пробиштип, Кочани): 19
  • Вардарски (Кавадарци, Велес, С. Николе, Неготино): 19 (Од овој регион најмногу предничи Кавадаречкиот центар со 10 жртви)
  • Полошки (Гостивар, Тетово): 15 (ЈУ МЦСР Гостивар има 11 жртви).
  • Североисточен (Куманово, Кратово, Крива Паланка): 8 (Куманово има 7 жртви)
  • Сите центри за социјална работа реализирале советодавна, психо-социјална и советувалишна работа со жртвите;
  • Бројот на предложени и изречени мерки од судовите е исто така мал, сразмерно на обемот на појавата (177 / 130); Ова и натаму продолжува да е особено карактеристично за Скопскиот ЦСР, кој е најголем и е речиси секогаш ја има водечката позиција во поглед на приемот на нови жртви на насилство.
  • Помалите ЦСР кои имаат помал број на новопријавени жртви, почесто предлагаат ПМЗ до судовите; Причината за ова ќе биде истражувана во предстојниот надзор над стручната работа во овој ЦСР во текот на второто полугодие од оваа година;
  • Бројот на предложени и изречени мерки од судовите, по региони изгледа вака:
    • Југозападен (Кичево, Охрид, Дебар, Струга, М. Брод): 58/41
    • Источен (Берово, Делчево, Виница,Штип,Пробиштип,Кочани): 22/8
    • Вардарски (Кавадарци, Велес, С. Николе, Неготино): 34/26
    • Скопски (Скопје): 19/21
    • Југоисточен (Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш) – 19/9
    • Пелагониски (Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Д. Хисар): 14/14
    • Североисточен (Куманово, Кратово, Крива Паланка): 6/5
    • Полошки (Гостивар, Тетово): 5/6
  • Засолништата не се многу искористени ресурси. Во овој квартал биле згрижени вкупно 10 лица, сместени во ЦЖСН Скопје, Битола и Свети Николе. Во засолништето во Скопје биле сместени 5 жртви (1 жена и 4 девојчиња), во Битола 2 жртви (1 жена и 1 дете). Во засолништето во Свети Николе биле сместени 3 жртви, по потекло од Гостивар, но не е даден податок за полот и возраста на жртвите. Во контактите со претставниците од ЦСР, најчесто за време на надзори или при мониторинг на стручната работа, стручните работници изразуваат потреба од ваков ресурс, така што е нејасно зошто е толку мал бројот на сместувања во засолништа за жртви на семејно насилство, ако се има предвид дека 4те засолништа (во Скопје, Битола, Свети Николе и Кочани) се ресурси од републички карактер.
  • Во овој квартал имало помасовно користење на мерката упатување во АВРМ и вклучување во активните мерки на владата за вработување, така што со оваа форма на помош им било помогнато на 42 жртви на семејно насилство. Во користењето на оваа мерка особено предничелe: ЈУ МЦСР Охрид со 18 и ЈУ МЦСР Прилеп со 13 упатувања на возрасни жртви на семејно насилство, со цел да им се помогне да го надминат проблемот со невработеност и економска зависност од сторителите на семејно насилство.
  • За непочитување судска мерка поднесени се 2 кривични пријави спрема 2 сторители на семејно насилство од машки пол (од страна на ЈУ МЦСР Прилеп и Струмица).
  • Најчесто се пријавувало психичкото насилство, потоа физичкото и економското. Пријавено било и семејно сексуално насилство над 3 возрасни жени во ЈУ МЦСР Охрид.

 

Контакт лице:

Душанка Петрова