• Бројот на новоевидентирани жртви на семејно насилство (според добиените квартални табели од сите ЦСР) во првиот квартал на 2017 година изнесува 226, додека бројот на сторители е (Споредбено со првиот квартал од 2016 година бројот на жртвите оваа година е помал; Имено во овој период минатата година пријавени биле 301 жртва и 299 сторители).
  • Внесот во електронската база ЛИРИКУС, како и обично е помал и изнесува: 126 жртви на семејно насилство (55% внес на досиеја) и 96 сторители на семејно насилство (44% внес на досиеја). (Минатата година во првиот квартал биле внесени 201 жртва и 147 сторители). Неажурирањето на податоците во ЛИРИКУС е особено впечатлив проблем кај оние ЦСР кои пријавиле најголем број на случаи на насилство (Скопје, Охрид, Куманово, Тетово, Гостивар и др).
  • Гледано според регионалната поделба во РМ, најмногу пријавени жртви на семејно насилство има во Скопскиот, Југозападниот регион, Пелагонискиот и Источниот регион.

Бројот на ново-евидентирани жртви на семејно насилство, според кварталните табели добиени од ЦСР, по региони изгледа вака:

  • Скопски (Скопје): 47
  • Југозападен (Кичево, Охрид, Дебар, Струга, М. Брод): 40 (Од овој регион најмногу предничи Охридскиот центар со 36 жртви)
  • Пелагониски (Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Д. Хисар): 35 (Од овој регион најмногу предничи Прилепскиот центар со 28 жртви)
  • Источен (Берово, Делчево, Виница, Штип, Пробиштип, Кочани): 33 (Најмногу пријавил Кочанскиот центар:15 жртви
  • Вардарски (Кавадарци, Велес, С. Николе, Неготино): 27 (Од овој регион најмногу предничи Кавадаречкиот центар со 15 жртви)
  • Полошки (Гостивар, Тетово): 25 (ЈУ МЦСР Тетово има 16 жртви).
  • Југоисточен (Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш) – 10 жртви
  • Североисточен (Куманово, Кратово, Крива Паланка): 8
  • Сите центри за социјална работа реализирале советодавна, психо-социјална и советувалишна работа со жртвите;
  • Бројот на предложени и изречени мерки од судовите е исто така мал, сразмерно на обемот на појавата (167 / 140); Ова и натаму продолжува да е особено карактеристично за Скопскиот ЦСР, кој е најголем и е речиси секогаш ја има водечката позиција во поглед на приемот на нови жртви на насилство. (Соодносот на предложени и изречени ПМЗ во 1 квартал од минатата година бил 177/130).
  • Помалите ЦСР кои имаат помал број на новопријавени жртви, почесто предлагаат ПМЗ до судовите; Причината за ова ќе биде истражувана во предстојните активности за мониторинг над стручната работа во ЦСР;
  • Бројот на предложени и изречени мерки од судовите, по региони изгледа вака:
    • Југозападен (Кичево, Охрид, Дебар, Струга, М. Брод): 43/38
    • Источен (Берово, Делчево, Виница,Штип,Пробиштип,Кочани): 28/3
    • Вардарски (Кавадарци, Велес, С. Николе, Неготино): 17/23
    • Југоисточен (Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш) – 17/18
    • Пелагониски (Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Д. Хисар): 14/20
    • Скопски (Скопје): 14/15
    • Полошки (Гостивар, Тетово): 12/9
    • Североисточен (Куманово, Кратово, Крива Паланка): 7/6

Засолништата не се многу искористени ресурси. Во овој квартал биле згрижени вкупно 7 лица, сместени во ЦЖСН Скопје и Свети Николе. Во засолништето во Скопје биле сместени 6 жртви (4 жени и 2 девојчиња). Во засолништето во Свети Николе била сместена 1 жена.

Инаку, во Македонија функционираат 4 засолништа (во Скопје, Битола, Свети Николе и Кочани), кои се ресурси од републички карактер.

  • Во овој квартал имало помасовно користење на мерката упатување во АВРМ и вклучување во активните мерки на владата за вработување, така што со оваа форма на помош им било помогнато на 47 жртви на семејно насилство. Во користењето на оваа мерка особено предничелe: ЈУ МЦСР Скопје со 28 и ЈУ МЦСР Прилеп со 9 упатувања на возрасни жртви на семејно насилство, со цел да им се помогне да го надминат проблемот со невработеност и економска зависност од сторителите на семејно насилство.
  • За непочитување судска мерка поднесени се 6 кривични пријави спрема исто толкав број сторители на семејно насилство од машки пол.
  • Речиси сите од жртвите доживеале психичко и физичко насилство. (Само 2 од 226 новопријавени жртви пријавиле единствено психичко насилство.) Меѓу оние кои ги пријавиле психичкото и физичкото забележени се и 19 жртви на економско насилство.

Исто така, во ЈУ МЦСР Тетово било пријавено и семејно сексуално насилство над 5 жртви, од кои 1 возрасна жена и 4 деца. Сторителот е исто лице, кој е сопруг, татко и очув на жртвите. (Координаторката на проблематиката информираше дека истиот ден кога се дознало за стореното сексуално насилство, сторителот бил лишен од слобода и за него е покрената кривична пријава).

  • Во Првиот Квартал се забележени и 6 известувања до МВР за поседување на оружје за исто толкав број на сторители на насилство од машки пол.
  • Во рамките на постапувањата за заштита на жртвите од семејно насилство, ЦСР соработувал и со здравствени установи, кои обезбедиле интервенции за 4 жртви .
  • Интервенција од полиција била побарана и обезбедена за 6 случаи на семејно насилство.