АНАЛИЗА НА ПОДАТОЦИТЕ

ДОБИЕНИ ПРЕКУ ОБРАБОТКА НА ВНЕСЕНИТЕ ПОДАТОЦИ

ОД КВАРТАЛНИТЕ ТАБЕЛИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Статистички податоци за носителите на појавата:

  • Бројот на новоевидентирани жртви на семејно насилство (според добиените квартални табели од сите ЦСР) во 2017 година изнесува 1081, додека бројот на сторители е 879.

Податоците од кварталните табели се релевантни и ја отсликуваат вистинската состојба со новоевидентирани податоци за жртви и сторители на семејно насилство. Споредено со податоците од електронската база ЛИРИКУС (каде што се внесуваат лица со различни видови на статуси на социјален ризик и услуги, кои ЦСР ги обезбедуваат за нив и членовите на нивните семејства), бројката е помала и изнесува: 631 жртви и 523 сторители на семејно насилство во 2017 година.

  • Ова укажува на неажурирање на податоците во електронската база ЛИРИКУС, и тоа во следниот сооднос: внесени новоевидентирани жртви: 58 %, а сторители: 59 %.

Од тие причини, ги објавуваме податоците само од кварталните табели добиени од сите Центри за социјална работа во РМ.

Според етничка припадност, најзастапени се жртвите од Македонска припадност (80%) потоа Ромите (7,3%), Албанците (5,8%),  Турците (2,8%), Србите (1,5%) и Бошњаците (1,3%).

Според пол, како и досега преовладуваат жртвите од женски пол и тоа: 80% жени, а 20% мажи. Обратен е соодносот кога станува збор за соодносот помеѓу сторителите од машки и женски пол. Имено, 80% од сторителите се мажи, додека 20 % се жени.

Привремени мерки на заштита

  • Во сите центри за социјална работа во однос на вкупниот број на сторители на семејно насилство, а заради заштита на жртвите на семејно насилство, до основните судови биле предложени вкупно 620 привремени мерки, а од нив судот изрекол 519. Најголем обем на предложени и изречени ПМЗ во текот на 2017 година, имало од страна на центрите за социјална работа од 1. Скопје (104/101), 2. Охрид (107/89) и 3. Прилеп (59/48); Ова е несразмерно со обемот на појавата, бидејќи Скопје е секогаш со најголем број на  новоевидентирани жртви и сторители, а наспроти тоа, бројот на предложени (и изречени) ПМЗ за заштита на жртвите е повеќе години наназад, под потребното ниво.

Гледано според квартали, најголем број на предложени и изречени мерки до Судовите имало во четвриот квартал (186/142), потоа во првиот квартал (168/139), а помалку во вториот (132/84) и третиот (133/134);

ЦСР најмногу ги предлагаат првите три мерки на забрана (забрана да се заканува, да вознемирува/ малтретира и да се приближува до жртвата на одредено растојание).

Следни се мерките за упатување на лекување во соодветна медицинска установа и упатување на советување во соодветно советувалиште. Како ресурс за примена на оваа мерка е Првиот Семеен Центар од Скопје, каде што работат стручни лица, – обучени за работа со жртви и сторители на семејно насилство (вклучително и деца од тие семејства).

Како ресурс за лекување на сторители на насилство со проблеми на зависност (од дрога или алкохол) се психијатриските установи Бардовци и Негорци; Освен нив – на располагање се и невладини организации, кои се препознаени како значајни ресурси, но се помалку користени од страна на ЦСР: НВО „Доверба“ каде што се реализираат советувалишни третмани за лица со зависност од дроги (и членови на нивните семејства),  Здружението на социјални работници на град Скопје (кое ја менаџира СОС Линијата за помош од дроги); За лицата со проблем на зависност од алкохол значаен ресурс е Клубот за лекувани алкохоличари, кој е составен дел на Психијатриската Болница Брадовци од Скопје, и каде што се работи со лекувани зависници од алкохол и членови на нивни семејства.

 

Преглед на застапеноста на семејното насилство по региони

  • Бројот на жртви/ сторители на семејно насилство, по региони изгледа вака:
    • Скопски (Скопје): 198/189
    • Пелагониски (Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Д. Хисар): 138/138
    • Источен (Берово, Делчево, Виниоца, Штип, Пробиштип, Кочани): 103/103
    • Вардарски (Кавадарци, Велес, С. Николе, Неготино): 95/95
    • Југозападен (Кичево, Охрид, Дебар, Струга, М. Брод): 42/42
    • Полошки (Гостивар, Тетово): 36/36
    • Југоисточен (Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш) – 30/30
    • Североисточен (Куманово, Кратово, Крива Паланка): 16/16

 

Најголем број на услуги биле дадени во советодавната, психо-социјалната и советувалишната работа со жртвите;

  • Бројот на предложени и изречени мерки од судовите, по региони изгледа вака:
    • Југозападен (Кичево, Охрид, Дебар, Струга, М. Брод): 127/99
    • Пелагониски (Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Д. Хисар): 110/92
    • Скопски (Скопје): 104/101
    • Источен (Берово, Делчево, Виница,Штип,Пробиштип,Кочани):84/45
    • Вардарски (Кавадарци, Велес, С. Николе, Неготино): 72/77
    • Југоисточен (Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш) – 71/60
    • Полошки (Гостивар, Тетово): 39/33
    • Североисточен (Куманово, Кратово, Крива Паланка): 13/12
  • Засолништата не се многу искористени ресурси. (Вкупно 20 лица биле сместени во 3 од вкупно 4те ЦЖСН, како ресурси на републичко ниво: Скопје, Свети Николе и Битола, додека во Кочани немало ниту едно сместување во текот на годината).
  • За непочитување судска мерка поднесени се кривични пријави спрема 40 сторители на семејно насилство, а исто така имало и 37 известувања дои МВР за одземања на огнено оружје, кое сторителите го поседувале;
  • Во текот на 2017 година, во АВРМ биле упатени 122 возрасни жртви заради нивно економско зајакнување.

 

 

Подготви: Душанка Петрова

социјален работник во ЈУ ЗСД -Скопје