Во областа на социјална заштита во Р. Македонија се превзема цел спектар на мерки и активности за заштита на населението и тоа преку холистички принцип во нивната примена. Тоа подразбира дека социјалната заштита ги опфаќа проблемите на поединец и на група во ризик на ниво на микро и макро средина, а со цел да се интервенира на меѓучовечките односи, интраперсоналните односи, како и на социјалната и психичката структура на лицата во ризик.

Со ваквиот пристап се овозможува помош на поединец, на семејстово и на локална заедница со заедничка цел за постигнување и одржување на оптимално психо-социјално функционирање преку превенција на појавување на некој ризик. За да се доближиме до ова посакувано ниво на квалитетот на живеење во сите сегменти, потребна е примена, следење и евалуација на превентивните мерки во пракса.

Центрите за социјална работа имаат функција да ги промовираат и применуваат стручни активности и со другите чинители во локалната заедница при што треба да бидат опфатени сите категории на граѓани. Овие активности претставуваат еден дел од функциорањето на центрите за социјална работа, а кои во пракса се применуваат преку различни програми и облици на работа.

Со цел да се унапреди социјалното функционирање на поединецот и на семејството, центарот за социјална работа има значителна улога во зајакнувањето на начинот на справување со животните процеси и конкретни проблеми. Еден од тие начини преку едукација и советување во Советувалишта за брак и семејство.

Со оглед дека превенцијата е повеќе од интервенција во криза, стручните работници во овие советувалишта ја поттикнуваат резилиентноста и го промивираат принципот на – „помош до самопомош“ за сите облици на негативни појави и ризици со кои се соочуваат корисниците. Подолга излиженост на ризици и ненавремено санирање на истите  можат да доведат до сериозни пореметувања и несакани последици како кај поединците, така и кај семејствата и општеството во целина.

ПРЕГЛЕД НА СОВЕТУВАЛИШТА ЗА БРАК И СЕМЕЈСТВО ВО РМ

По иницијатива на Министерство за труд и социјална политика, а во соработка со ЈУ Завод за социјални дејности, Владата на Република Македонија го усвои предлогот за оформување на Советувалишта за брак и семејство при центри за социјална работа. Првите советувалишта започнаа со работата во септември 2013 година и до сега се отворени се 30 Советувалиште за брак и семејство, односно во сите центри за социјална работа во Р.Македонија.

Со цел Советувалиштата за брак и семејство да бидат во употреба за советувалишна работа и со други целни групи, во септември 2014 година се воведе интегративниот пристап на работа на Советувалиштата за брак и семејство. Ваквиот концепт подразбира Советувалиштата за брак и семејство да функционираат како интегративен ресурс на центрите за социјална работа за помош на лица, кои се нашле во различен вид на ризик. Ваквиот пристап овозможи проширување на советувалишната работа со корисници кои се нашле повеќе различни ризици. Истовремено услугите на советувалишната работа се однесуваат и на превентивните активности и како мерки кои се применуваат заради санирање, ублажување и надминување на причините кои  нарушуваат благосостојба.

 

ДОСЕГАШНИ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТА НА СОВЕТУВАЛИШТАТА ПРИ ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА

ЈУ Завод за социјални дејности го следи развојот и квалитетот на давање на стручни услуги во Советувалиштата, за што направи Годишен извештај за 2014 година.

 

Табела 1 Број на корисници на услугите во Светувалиштa за брак и семејство во Република Македионија по месеци во  2014 година

Број на корисници во советувалиштата, по месеци во 2014 година

ЈАНУАРИ ФЕВРУАРИ МАРТ АПРИЛ МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ  СЕПТЕМВРИ  ОКТОМВРИ НОЕМВРИ ДЕКЕМВРИ
 28  54  72  81  67  79  82  121  86  103  131  119

 

Податоците во горната табела се однесуваат на бројот на корисници кои на месечно ниво добиле услуги во 11те Советувалишта за брак и семејство, кои во тој период биле отворени. Досега во сите центри за социјална работа има отворено вкупно 30 советувалишта за чија работа за 2015 година ЈУ завод за социјални дејности ќе направи анализа и Годишен извештај.

 

Видно од табелата, во текот на 2014 година се зголемуваше бројот на корисниците кои во текот на еден месец еднаш или повеќе пати добиле стручна помош во советувалиштата.  Со интегративниот принцип на работа на 30 Советувалиштата се очекува значително зголемување на бројот на корисници кои ќе бидат дел од индивидуалната, групната или друга форма на работа, – со крајна цел: зајакнување на нивните потенцијали заради справување со животни предизвици.

УЛОГАТА НА ЈУ ЗАВОД ЗА СОЦИЈАЛНИ ДЕЈНОСТИ – СКОПЈЕ

Советувалиштата за брак и семејство, иако со краток рок на воспоставување, покажаа дека се корисна и потребна форма на стручна мултипрофесионална советодавна работа и ефикасен ресурс во рамките на центрите за социјална работа во Република Македонија. Досегашните ефекти од нивното функционирање во пракса се покажаа како задоволителни, а Заводот за социјални дејности согласно свите надлежности  ќе продолжи да ја следи работата на Советувалиштата и активно да учествува во подигање на квалитетот на стручната работа преку организирање на обуки, координативни и консултативни работни средби.

При понатамошното следење на бројот на дадени услуги и видови ризици, според кои корисниците ќе се вклучат во советувалишната групна и индивидуална работа, Заводот за социјални дејности ќе продолжи да ги согледува:

  • квалитетот на давање на услуги на корисниците, вклучени во советувалишен третман,
  • резултатот кај корисниците по завршениот третман,
  • проактивноста на стручните работници од советувалиштата за промовирање на овој вид на услуга меѓу граѓаните во локалната средина и
  • соработката со надворешни стручни лица, кои имаат експертиза во други области, а кои во зависност од потребите на корисниците на советувалиштата би можеле да се вклучат и со тоа да ја збогатат понудата на стручни советувалишни услуги, кои би можеле да бидат обезбедувани од страна на Советувалиштата.

(За подетални информации за овој материјал може да се обратите во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје.  

Одговорно лице: Аленка Бинички Арсеновски, социјален работник)