ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЈУ ЗАВОД ЗА СОЦИЈАЛНИ ДЕЈНОСТИ-СКОПЈЕ за 2018 година Скопје

 ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА  ЈУ ЗАВОД ЗА СОЦИЈАЛНИ ДЕЈНОСТИ-СКОПЈЕ ( јануари – јуни  2017 година)

ВОВЕД

Во текот на првите шест месеци од  2017  година oсновни полиња  на делување  на Заводот за социјални дејности –Скопје беа : градење на сопствените капацитети,  стручна помош и поддршка   на давателите во  обезбедување на услуги кон граѓаните,  градење  на капацитетите на стручните лица  во системот на социјална заштита, интензивни активности за стекнување, обновување и продолжување на лиценци и изготвување на стручни материјали  за  состојбите   во социјалната сфера.   Во содржината и динамиката на Програмските активности на  Заводот  се рефлектираа  сите активности преземени на национално и локално ниво.

Во периодот Jануари-Jуни  2017 година  Заводот ја реализираше работата со 21 вработен, во постојните  простории за работа.

ОСТВАРЕНИ РЕЗУЛТАТИ

Во  извештајниот период согласно планираното остварени се следните резултати: 

  • Забележана е поголема препознатливост на Заводот  како институција во системот на социјална заштита,  согласно своите надлежности, во однос на претходно развиени соработки со институциите во системот на социјална заштита и воспоставување на нови (развој на партнерски и поддржувачки односи со  граѓанскиот сектор и локалните самоуправи).

 

  • Зајакнати се капацитетите на вработените во Заводот  за  социјални дејности  за реализирање на законските надлежности во однос на надзор и мониторинг над стручната работа, обезбедено е информирање на вработените во Заводот за сите актуелни процеси, иницијативи и состојби во системот на социјална заштита во РМ и за добрите европски пракси преку присуство на настани, обуки, работилници, работни групи и размена на искуства со други држави, се очекува подобрување на системот на обработка на податоци со редизанирањето на  електронската база на податоци Лирикус и нејзино надградување со Модул за стручни работници, Модул за професионална рехабилитација и Модул  за лична асистенција.

 

  • Иако се забележува  подобрување на процесот на планирање и известување за работата  на ЦСР и УСЗ,  во одредени установи недостасува аналитичност и  конкретност на  активностите.

 

  • Заводот успешно ги реализира активностите во рамки на својата надлежност за спроведување на процесот на лиценцирање на стручните работници (менаџирање на работата на Комисијата за лиценцирање, спроведување на сесите за полагање на теоретскиот и практичниот дел од испитот. Заклучно со 30 јуни 2017 година 438 стручни работници ја обновиле лиценцата, 17 стручни работници се стекнале со прва лиценца, а 5 стручни работници побарале продолжување на рокот за полагање.

 

  • Заводот успешно ја реализира законската надлежност за обезбедување потребни часови обука за стекнување/продолжување на лиценците на стручните работници во системот на социјална заштита согласно изготвената Програма за   континуирана едукација на  стручните лица во системот на социјална заштита  за 2017 годин. Се реализира една сесија за основна обука – 7 работилници во траење од 40 часа-како услов за стекнување со лиценца (обучени 15 стручни работници ) и  127 работилници  за континуирана едукација на кои учествувале вкупно 1287 стручни работници. Иако има напредок се очекува подобрување на планирањето на  потребните обуки од страна на ЦСР/УСЗ на индивидуално  и организациско ниво согласно законските надлежности.

 

  • Подобрено е следењето на работата на ЦСР и УСЗ преку надзори, мониторинзи, обуки на работно место, работни и координативни средби  и добиени извештаи од  ЦСР/УСЗ за постапување по определени мерки и насоки.

 

  • Се врши континуирано ажурирање на податоците во  Посебниот Регистар за осудени лица со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоуопотреба на малолетни лица и педофилија (електронски и хартиен)така што со состојба 30.06.2017 година објавени се 226 педофили, (од кои 7 лица се евидентирани во 2017 година ), а 48 лица од евидентираните се ослободени. Регистарот, кој е достапен преку  интернет имал  409  посети.

 

  • Тековно следење на состојбите во социјалната сфера се обезбедува преку анализи, информации и извештаи за  поодделни социјални ризици на месечно, квартално и полугодишно ниво.

 

  • Обезбедено е следење на заштитата на корисницте- согласно измените на Законот за семејство, ЦСР го информираат Заводот за сместувањето во законски предвидениот  рок и за преземените активности за заштита на децата.

 

ПРЕГЛЕД НА РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА КОНТИНУИРАН ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

 ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје  согласно Програмата за работа  за 2017 година во рамки на Општата цел 2Подобрен квалитет на социјални услуги во системот на социјална заштита –Специфична цел : Планиран континуиран професионален развој на стручните работници во системот на социјална заштитaво периодот јануари-јуни  2017 година реализираше активности за организирање и спроведување на  обуки и едукации за зајакнување на капацитетите на вработените. Обуките се реализираа согласно Програмата за континуирана едукација на стручните работници во системот на социјална заштита за 2017 година, на две нивоа: основна обука и континуирана обука.

 Основната обука се реализираше преку 7 работилници и беа опфатени вкупно 15 стручни работници.  Согласно законските прописи за овие лица беше испорачана основна обука во траење од 40 часа, од следните модули:

  • Воведни работилници -2
  • Модул 1, Модул 2, Модул 3 и 4 , Модул 5, Модул 17 -по една работилница

 

Континуираната  обука  се реализир низ разни форми:

 

  • обуки по одредени модули од програмата
  • обуки на одредени теми
  • обуки на работно место (преку студии на случај)
  • обуки во рамки на мониоторинг и надзор над стручната работа

Обуките се реализираа во просториите на ЗСД, во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“,  во простории обезбедени од ЦСР/УСЗ и во  други простории, за кои е обезбедено сместување на учесниците преку организаторот на обуките.

Изборот на содржините и формите за организирање на обука беше направен согласно искажаните потреби на стручните работници и институциите и согласно потребниот број часови на индивидуално ниво, како еден од условите за обновување /продолжување на лиценцата.

 

Преку обукките се зајакнуваа компетенциите и капацитетите на стручните работници за работа со ризични групи корисници, но и за успешно полагање на  испитот  за проверка на имплементација на стручното знаење во постапките  за стекнување и обновување на лиценца.

 

Во  извештајниот период во рамки на обуките за континуиран професионален развој, Заводот реализираше вкупно 129 работилници на кои учествувале вкупно  1316  учесници (1001 жени и 315 мажи).

 

ПРЕГЛЕД НА РЕАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ВО ПЕРИОД ЈАНУАРИ-ЈУНИ  2017 ГОДИНА:

  • Модул  1 – 4 работилници –   95 учесници  (76 жени и 19 мажи)
  • Модул  3 –  5 работилници – 97 учесници (77 жени и 20 мажи)
  • Модул  4 –  2 работилници  – 44 учесници (36 жени и 8 мажи)
  • Модул  5 –  4 работилници – 58 учесник  (32  жени и 26 мажи)
  • Модул  16 – 3 работилници – 54 учесници (43 жени и 11 мажи)
  • Модул  17-  1 работилница -18 учесници (16 жени и 2 мажи)
  • Модул  18  – 5 работилници –  83 учесници (62 жени и 21 маж)
  • Модул  19 –  2 работилници – 55 учесници (38 жени и  17мажи)
  • Модул  20 – 9 работилници – 152 учесници (104 жени и 48 мажи)
  • Тим и тимска работа  –1 работилница-8 учесници (6 жени и 2 мажи)
  • Обука за КПР  -1 работилница -9 учесници (9 жени)
  • Обуки за процес на лиценцирање -13 работилници- 178 учесници (125 жени и 53 мажи)
  •  Обуки за работа со лица со попреченост – 10 работилници-– 77учесници (58 жени и 19 мажи)
  •  Обуки преку презентација на студии на случај (47 средби-232 учесници  (192жени  и  40 мажи)
  • Обуки поврзани со областа брак и семејство –19 обуки на работно место – 81 учесник(70 жени и 11 мажи)
  • Обуки поврзани со областа сместување деца во УСЗ- (за 11 Октомври) – 6 обуки- 42 учесници(34 жени и 8 мажи)
  • Обуки поврзани со областа сместување деца во УСЗ со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение -8 средби- 35 учесници ( 27 жени и 8 мажи)
  • Обуки за работа со деца на улица -12 средби -55 учесници (45 жени и 10 мажи)
  • Обуки за работа со деца во ризик –2 средби -19 учесници 16 жени и 3 мажи)
  • Обуки за индикатори за деца жртви -4 обуки – 37 учесници –(33 жени и 4 мажи)
  • Обуки преку мониторинг во Домови за стари лица –(15 Домови- 32 учесници -30 жени и 2 мажи)
  • Обуки за интервенција во криза – ( 3 дводневни обуки 87 учесници – 64 жени и 23 мажи)-обуките се реализираа со подршка на НВО „Save the children“
  • Завршен настан за ИПА проекти – 49 учесници (реализиран во соработка со Институт за демократија)

 

Во  извештајниот период  покрај другите активности реализирани се и две  еднодневни работилници  со цел претставување  на редизајнираната и надградена база на податоци Лирикус и  обука за нејзино користење. На работилниците учествувале вкупно 38 учесници (од кои  33 жени и 5 мажи) од 20 центри за социјална работа.(активноста е реализирана во рамки на третата компонента на проектот „Унапредување на услугите за социјална инклузија“.

            Во извештајниот период  Заводот реализира обуки и за други учесници (претставници на НВО кои работат со ранливи групи граѓани ):

  • Обука на тема,, Права и услуги  од  социјална  заштита за ранливи/маргинализирани групи граѓани ,, за вработени и волонтери во Дневен центар Шутооризари –менаџиран од НВО,, Здружение за правата на децата .,,.Обуката се реализира со поддршка на канцеларијата на ГИЗ во Македонија.
  • Обука за интервенција во криза (18 учесници, од кои 15 жени и 3 мажи) претставници на НВО цклучени во работата со мигранти/бегалци – обуката се реализира со подршка на „Save the children”)
  • По барање на МТСП – реализирана е основна обука во траење од 40 часа за 14 ангажирани  стручни работници  (од кои 11 жени и 3 мажи) за работа со мигранти во прифатните центри .
  • 2 обуки за  40 волонтери на Црвен Крст  за работа со лица со попреченост во рамки на проектот „Подобрување на социјализацијата на лицата со попреченост“,  поддржан од Комерцијална банка и од Макпрогрес. 

 ПРЕГЛЕД НА ИЗГОТВЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

 Извештаи:

 Извештаи од надзор над стручна работа и мониторинг на работата на установите за социјална заштита:

  • Извештај за работата на Дневен центар за аутизам Скопје и Штип
  • Извештај за работата станбените заедници за организирано живеење во Скопје
  • Извештај од работата на станбените заедници за организирано живеење во Неготино
  • Извештај за примена на Законот за правда за децата и примена на мерките за помош и заштита  (годишен за 2016,и за четврто тромесечие од 2016)
  • Извештај за работата на Советувалиштата во ЦСР на РМ за 2016 година
  • Извештај за состојбата на развод на брак во ЦСР на РМ во 2016
  • Извештаи од обуки и работилници
  • Извештај од мониторинг во ЦСР во постапување со категоријата деца на улица

 

Информации

 –  Информација за деца без родители и без родителска грижа (прв квартал)

Анализи:

  • Анализа за состојбата со деца на улица во системот на социјална заштита во РМ
  • Анализа на Програми за работа со деца и лица со попреченост
  • Анализа на податоци за корисници сместени во ЈУ за згрижување на деца и млади со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение
  • Анализа за деца без родители и без родителска грижа
  • Анализа за начинот на функционирање и состојбата на корисниците во ЈУ Детски Дом 11 Октомври-Скопје
  • Анализа за начинот на функционирање и состојбата на корисниците во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола
  • Дневни услуги за лица со интелектуална или телесна попреченост
  • Преглед на сместување на децата во текот на 2017 година

 

 Скопје, Jуни 2017 година

 

——————————————————————————————————————————————————————————————-

 

ПРОГРАМА НА ЗАВОДОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ ДЕЈНОСТИ ЗА 2017 ГОДИНА

 

ВОВЕД

ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје (во понатамошниот текст Завод) е установа која го спроведува процесот на лиценцирање, организира и спроведува облици на едукација на стручните работници во областа на социјалната заштита и врши надзор над стручната работа на установите за социјална заштита и вработените во нив, заради согледување, следење, контрола, увид и унапредување на начинот и квалитетот на стручната работа и ефикасноста во остварувањето на функците во установите за социјална заштита.

 

Заводот  во насока на унапредување на социјалните дејности, во своето работење е насочен кон зголемување на задоволството на корисниците, партнерски однос  кон соработниците, вложување во унапредувањето во сопственото работење,  практикувајќи  принципи на професионалност, компетентност, независност и квалитет.

 

Резултатите на поддршка на севкупниот развој на институционалните капацитети на социјалните актери за воспоставување, унапредување, примена и следење на социјалните услуги се мерливи показатели на успешноста на Заводот за социјални дејности –Скопје во реализирање на утврдените програмски задачи.

 

Програмската  ориентација на Заводот за социјални дејности-Скопје за  2017  година се заснова пред се на:

 

  • Примена на нови и унапредени механизми на следење на реализацијата на целите поставени во  законите и стратешките документи
  • Резултатите на следење и евалуација на остварување на правата, примена на мерки  и давање на услуги на социјална заштита согласно потребите на корисниците изложени на социјални ризици и мерење на квалитетот и  ефектот на дедените услуги
  • На досегашните стекнати знаења и во пракса проверени решенија во давање различни видови поддршка на актерите во системот на социјална заштита
  • Активната улога во процесот  на трансформација на установите за социјална заштита и во креирањето на вонинституционални форми на заштита на локално ниво
  • Позитивните  искуства од давање поддршка на локалните самоуправи  за развој на социјални услуги на локално ниво

 

 КАПАЦИТЕТИ НА ЗАВОДОТ

 Кадровски капацитети

 Деловната 2017 година, ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје ја започнува со 23 вработени,од кои  22 на неопределено работно време,а еден на определено работно време од една година. Во текот на 2017 година се очекува  заминување во пензија на  2 лица извршители на административно технички работи.  Според работните места  вработени се : Директор (психолог) 19 стручни извршители (даватели на јавни услуги(социјални работници, педагози ,психолози,дефектолози, правници и социолог ) , 2 извршители на административно технички работи .

Просторно-технички капацитети

 ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје е лоциран во зградата на Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ бул. „11 Октомври“ 42 а, Скопје. Користи 17 работни простории, од кои една просторија е Центар за обука за континуиран развој.

  Заводот располага со едно моторно возило, кое со оглед на законската надлежност за следење на работата на установите за социјална заштита низ Републиката, не ги задоволува потребите за економично, ефикасно и ефективно постапување.

Техничката опрема ги задоволува потребите на вработените во Заводот и тековно се обновува.

 

 ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И АКТИВНОСТИ

  Во 2017 година планираните програмски активности се насочени кон  остварување на  Мисијата, Визијата и Намерата на Заводот.

Во процесот на дефинирање на стратешките правци на делување и стартешките цели на развој  на социјалната заштита, Заводот препозна  пет стратешки важни цели во кои се содржани програмските  активности и дејноста на  Заводот.

Во текот на  2017 година  овие цели ќе се реализираат како континуитет на започнатите активности во  претходните години.

 

Општите цели кои  во текот на 2017 година ќе се реализираат низ разни активности се:

Општа цел 1.  Достигнување на континуирана препознатливост на Заводот  како институција во системот на социјална заштита  согласно своите надлежности

 

Специфична цел 1.1.   Континуирано унапредување на професионалните компетенции на вработените  согласно Едукацискиот концепт  на Заводот за 2017

 Специфична цел 1.2. Равој на мрежата на соработници  и партнери и унапредување на постојните соработнички односи со клучни институции на системот

 Специфична цел 1.3 Промовирање на работата на Заводот

 

Општа  цел 2. Подобрен квалитет на социјални услуги во системот на социјална заштита

 

Специфична цел 2.2Анализирање на социјалната ситуација на корисниците на права, мерки и услуги како и ефектите од услугите

 Специфична цел 2.3.  Развивање и унапредување на модел на следење и известување за работата на давателите на услуги во социјалната заштита

 Специфична цел 2.4. Унапредување на компетенциите на стручните работници во ЦСР и УСЗ  преку  надзор над стручната работа, мониторинг, мерење на квалитетот на услугите, следење   и  други видови поддршка

 Специфична цел 2.5. Реализирање на процесот на лиценцирање на стручните работници во системот на социјална заштита

 Специфична цел 2.6. Планиран континуиран професионален развој на стручните работници во системот на социјална заштитa

 Специфична цел 2.7.Унапредени компетенции на стручните работници во ЦСР преку примена  на стандарди и процедури за раководење со предмет и за работа со одредени видови корисници

 Специфична цел 2.8. Унапреден квалитет на социјалните услуги преку осовременета  и ревидирана стручна документација

 

Општа цел 3. Иницирање на промени и промовирање на добри пракси усогласени со европски политики и пристапи во социјалната заштита како предуслов за унапредување  на социјалната политика

 

Специфична цел 3.1. Промовирање  на  позитивни искуства на давателите на услуги

  

Општа цел 4.  Јакнење на капацитетите на институциите за развој на услуги за социјална заштита на  на локално ниво  

 

Специфична цел  4.1 Воспоставување на меѓуинституционална и мултиресорска соработка во локални  заедници заради координирање на активностите во заштита  и давање услуги на ранливите групи граѓани

 Специфична цел 4.2. Јакнење на капацитетите на локалните самоуправи и заедници,граѓански организации и други заинтересирани субјекти