logo-proba1

ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје (во понатамошниот текст Завод) е установа која го спроведува процесот на лиценцирање, организира и спроведува облици на едукација на стручните работници во областа на социјалната заштита и врши надзор над стручната работа на установите за социјална заштита и вработените во нив, заради согледување, следење, контрола, увид и унапредување на начинот и квалитетот на стручната работа и ефикасноста во остварувањето на функците во установите за социјална заштита.

Заводот  во насока на унапредување на социјалните дејности, во своето работење е насочен кон зголемување на задоволството на корисниците, партнерски однос  кон соработниците, вложување во унапредувањето во сопственото работење,  практикувајќи  принципи на професионалност, компетентност, независност и квалитет.

Резултатите на поддршка на севкупниот развој на институционалните капацитети на социјалните актери за воспоставување, унапредување, примена и следење на социјалните услуги се мерливи показатели на успешноста на Заводот за социјални дејности –Скопје во реализирање на утврдените програмски задачи.

Програмската  ориентација на Заводот за социјални дејности-Скопје за  2015  година се заснова пред се на:

  • Резултатите на следење и евалуација на остварување на правата, примена на мерки  и давање на услуги на социјална заштита во јавниот сектор согласно на карактеристиките на ранливите и посебно осетливи групи на корисници.
  • Примена на нови и унапредени механизми на следење на реализацијата на целите поставени во  законите и стратешките документи
  • На досегашните стекнати знаења и во пракса проверени решенија во давање различни видови поддршка на актерите во системот на социјална заштита
  • Активната улога во процесот  на трансформација на установите за социјална заштита и во креирањето на вонинституционални форми на заштита на локално ниво
  • Позитивните  искуства од давање поддршка на локалните самоуправи  за развој на социјални услуги на локално ниво

Сите активности предвидени како програмски ориентациии на Заводoт за 2015 година претставуваат логичен след на активности  започнати во претходните години.

 

Капацитети на  Заводот

Кадровски капацитети

Деловната 2015 година, ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје ја започнува со 21 вработен, а во текот на 2015 година се очекува намалување на бројот на вработените од административно – техничките вработени поради заминување во пензија на двајца извршители. Истовремено се очекува пополнување на испразнетите работни места со нововработени.

Структура според работни места:

Директор (дипл.психолог)                                               1

стручни извршители                                                       16

извршители на административно технички работи      4

 

Структура на вработени според профилот:

дипломиран социјален работник                                  5

м-р. по социјална политика                                           1

д-р по педагошки науки                                                 2

м-р.по човечки ресурси, дипл.педагог                         1

дипломиран психолог                                                    3

дипломиран правник                                                                  2

дипломиран   дефектолог                                              2

дипл. социолог, м-р. по соц. работа и соц. политика  1

гимназиски матурант                                                      1

сообраќаен техничар                                                     1

ССС III степен                                                                 2

 

Просторно-технички капацитети

ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје е лоциран во зградата на Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ бул. „11 Октомври“ 42 а, Скопје. Користи 17 работни простории, од кои една просторија е Центар за обука за континуиран развој.

Заводот располага со едно моторно возило, кое со оглед на законската надлежност за следење на работата на установите за социјална заштита низ Републиката, не ги задоволува потребите за економично, ефикасно и ефективно постапување.

Техничката опрема ги задоволува потребите на вработените во Заводот и тековно се обновува.

 

ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ И АКТИВНОСТИ

 

Во процесот на дефинирање на стратешките правци на делување и стартешките цели на развој  на социјалната заштита, Заводот препозна  пет стратешки важни цели во кои се содржани програмските  активности и дејноста на  Заводот. Во текот на  2015 година  овие цели ќе се реализираат како континуитет на започнатите активности во  претходните години.

Општите цели кои  во текот на 2015 година ќе се реализираат низ разни активности се:

Општа цел 1. Унапреден  квалитет на услуги на Заводот со јакнење на  внатрешните ресурси и  развој на мрежата на соработници и партнери

 

Општа цел 2. Развиен систем на следење и проучување на социјалните појави преку воспоставување  сеопфатен увид во социјалната состојба на ранливите групи 

 

Општа цел 3. Иницирање на промени и промовирање на добри пракси усогласени со европски политики и пристапи во социјалната заштита како предуслов за унапредување  на социјалната политика

 

Општа  цел 4. Подобрен квалитет на социјални услуги преку јакнење на капацитетите на давателите на услуги, развој на услуги и воведување систем на квалитет

 

Општа цел 5. Јакнење на капацитетите на локалните самоуправи и  развој на меѓуинституционалната соработка на локално ниво  како основа за процесот на децентрализација и плурализам на услугите.

 

 

Општа цел 1. Унапреден  квалитет на услуги на Заводот со јакнење на  внатрешните ресурси и  развој на мрежата на соработници и партнери

 

Специфична цел 1.1.  Стратешки развој на Заводот

 

Активности Очекуван резултат Рокови
1.1.1.  Изготвување на  стратешки документ – Изготвен стратешки документ прва половина  на 2015 г.
1.1.2. Промовирање на стратешкиот документ – Промоција на стратешкиот документ пред стручна јавност- Објавување на web  странатана Заводот  континуирано

 

Специфична цел 1.2.   Континуирано унапредување на професионалните компетенции на вработените 

 

Активности Очекуван резултат Рокови
1.2.1 Учество на вработените на разни облици на стручно усовршување  -Унапредени знаења и вештини континуирано
1.2.2.Организациско учење – зголемена информираност и унапредени знаења и вештини континуирано
1.2.3 Континуирано збогатување на библиотечниот фонд наЗаводот –       Зголемен број на наслови во библиотеката континуирано
1.2.4. Обука за користење на податоци од Лирикус- on-job- traning -Подобрено познавање и користење на програмата ЛИРИКУС континуирано

 

Специфична цел 1.3. Равој на мрежата на соработници  и партнери и унапредување на постојните соработнички односи со клучни институции на системот

 

Активности Очекуван резултат Рокови
1.3.1 Воспоставување и унапредување на соработка со релевантни научни и стручни институции во земјата и странство  -Дефинирани области на соработка-Потпишани меморандуми за соработка-Заеднички програми и проекти

 

континуирано
1.3.2 Унапредување на облиците и начините на соработка  со релевантни институции и организации во системот на социјална заштита,во јавниот, цивилниот и приватниот сектор -Дефинирани области на соработка-Унапредена работа на заеднички програми и проекти континуирано

 

Специфична цел 1.4. Континуирано унапредување на нормативната рамка на Заводот со усогласување и унапредување на општите и поединечните акти,извршување на законските обврски кои произлегуваат од позитивно правните прописи и регулирање на меѓусебните  права и обврски на Заводот и надворешните соработници

 

Активности Очекуван резултат Рокови
1.4.1 Унапредување  на постојните и донесување на нови правни акти релевантни за дејноста на Заводот во согласност со позитивно правните прописи -Усогласени нормативни акти со законски одредби континуирано
1.4.2 Подготовка и изработка на извештај за спроведување на закони ( Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Закон за еднакви можности на жените и мажите поднесување  до  соодветни институции , Извештај за оценување најавни службеници) – Изготвени и доставени извештаи прв квартал на   2015
1.4.3 Изготвување на правни акти  (договори,решенија,дописи,одлуки и др.) со кои се утврдуваат правата и обврските на вработените во Заводот -Изготвени акти согласно потребата континуирано
1.4.4 Изработка на акти  со кои се регулираат права и обврски на Заводот  и надворешни соработници -Изготвени акти  согласно потребите континуирано

 

Специфична цел 1.5 Одржување и континуирано унапредување на електронската презентација – web  страна на Заводот

 

Активности Очекуван резултат Рокови
1.5.1. Подготовка (обликување) ажурирање на содржините  според видот на информации, избор и обработка на  фотографии и поставување на web  страната -Сите информации од значење навремено се поставени  на web  страната  континуирано
1.5.2. Водење и редовно ажурирање на евиденцијата за сите објавени и ажурирани содржини на web  страната -Утврдени области на промена и ажурирани содржини континуирано
1.5.3.Промоција  на web  страната на Заводот при екстерни презентации и активности на Заводот -Зголемен интерес на јавноста за користење на информации поставени на  web  страната континуирано

 

Општа цел 2. Развиен систем на следење и проучување на социјалните појави преку воспоставување сеопфатен увид во социјалната состојба на ранливите групи 

 

Специфична цел 2. 1. Обезбедена сеопфатена евиденција на корисниците

на услуги од социјална заштита во ЦСР

 

Активности Очекуван резултат Рокови
2.1.1. Ажурирање на податоците во електронска база на податоци ЛИРИКУС  -Изготвени /ревидирани обрасци за евидентни листи за  одредени ризици-Надминати  проблеми и недостатоци  за внесување податоци  во Лирикус (теренска работа во ЦСР)-Зголемен % на внесени  податоци за корисници на услуги континуирано
2.1.2. Осовременување и доградување на базата на податоци  со база за вработени стручни работници во ЦСР -Започнато со изготвување на  база за вработени  лиценцирани стручни работници IV квартал
2.1.3. Поврзување на податоци  од ЛИРИКУС и СПИЛ Програмата -Утврдени податоци кои можат да се поврзуваат-Започнато   поврзување  на  податоци од двете бази на податоци  континуирано

 

Специфична цел 2.2. Анализирање на социјалната ситуација на корисниците на права, мерки и услуги како и ефектите од услугите

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
2.2.1. Идентификување и систематизација на остварените услуги во однос на корисниците од одредени групи на  социјални ризици  -Изготвени  извештаи од анализата на корисници на социјални услуги според  утврдени и определени карактеристики континуирано
2.2.2. Истражување  со цел следење и  евалуација на условите и ефектите на заштитата на децата во ризик од занемарување , злоупотреба и да останат без родителска грижа,   старите лица  и лицата со инвалидност кои користат услуги од инстиционална и вон институционална заштита -Извештаи /евалуација до крај на    2015

 

Специфична цел 2.3.  Развивање и унапредување на модел на следење и известување за работата на давателите на услуги во социјалната заштита

Активности       Очекуван резултат Рокови
2.3.1. Изготвување на нови Обрасци за програмирање и известување за работата на ЦСР и УСЗ  -Изготвени обрасци  за  програми и извештаи-Изготвен бразец за  известување за работата  I квартал
2.3.2..Користење на новите обрасци за  изготвување Програми и извештаи на ЦСР и УСЗ -Дистрибуција на новите обрасци, заедно со упатства  за пополнување I квартал
2.3.3.Анализирање на податоците и индикаторите и изготвување на синтетизирани извештаи  за ЦСР и за одредени УСЗ  групирани според видот на сместените корисници -Изготвени поединечни и синтетизирани  извештаи-Доставени  до УСЗ , ЦСР и  МТСП континуирано
2.3.4. Изготвување на  предлог мерки и препораки за отстранување на неправилности  во работата на ЦСР и  при сместување на корисници во установи -Собрани  и обработени податоци-Изготвени анализи и  доставени  до УСЗ , ЦСР и  МТСП континуирано

 

Општа цел 3. Иницирање на промени и промовирање на добри пракси усогласени со европски политики и пристапи во социјалната заштита како предуслов за унапредување  на социјалната политика

 

Специфична цел 3.1. Промовирање  на  позитивни искуства на давателите на услуги преку учество на конференции, семинари, работни и стручни  средби    на  секторско  и  интерсекторско ниво

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
3.1.1 Организирање работни средби и подготовка  на стручен / промотивен материјал – Информираност на стручната јавност  континуирано 
3.1.2. Подготовка  на стручен / промотивен материјал -Учество и зголемена информираност на заинтересираните страни на интерсекторско ниво континуирано

 

Специфична цел 3.2 Поттикнување на унапредувањето на нормативната рамка на системот на социјална заштита преку давање предлози, препораки и сугестии и учество во релевантни работни групи за изготвување на законски и  подзаконски акти

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
3.2.1 Континуирано следење  на актуелните законски решенија во системот на социјална заштита на национално ниво  – Усогласени нормативни акти на Заводот согласно законските норми-Унапредена информираност на вработените во Заводот за промените на прописите во системот на социјална заштита

 

континуирано 
3.2.2. Учество во работата на работни групи и тела за изготвување на законски и подзаконски акти Прифатени стручни мислења и сугестии предложени од Заводот континуирано

 

Општа  цел 4. Подобрен квалитет на социјални услуги преку јакнење на капацитетите на давателите на услуги, развој на услуги и воведување систем на квалитет

 

Специфична цел 4.1. Унапредување на компетенциите на стручните работници во ЦСР и УСЗ  преку  надзор над стручната работа и  други видови поддршка

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
4.1.1 Реализирање надзор над стручната работа во ЦСР и УСЗ и определување мерки и препораки за постапување -Увид во стручната работа и унапреден квалитет на социјални услуги континуирано
4.1.2. Следење на реализирањето на мерките и препораките -Подобрени услуги кон корисниците континуирано
4.1.3 Реализирање на индивидуална  стручна поддршка  на  ЦСР согласно нивните  индивидуални потреби и барања во спроведување на одредени постапки со корисниците -Одржани состаноци за поддршка (работни, координативни и  on-job- traning ) континуирано
4.1.4 Поддршка и стручна помош на стручните работници во УСЗ одржани состаноци за поддршка – работни, координативни и  on-job- traning континуирано
4.1.5 Мерење на задоволството на корисниците  од дадените услуги креирана и овозможена услуга по мерка на корисникот континуирано

 

Специфична цел 4.2 Реализирање на процесот на лиценцирање на стручните работници во системот на социјална заштита

 

Активности       Очекуван резултат  Рокови
4.2.1 Стручни и административни  работи за потребите за полагање на стручниот испит  и за работа  на Комисиите  основани за процесот на лиценцирање -Непречено спроведување на процесот континуирано
4.2.2. Активности за реализирање на процесот на лиценцирање согласно измените и дополнувањата на Законот за социјална  заштита -Воспоставен начин на лиценцирање  согласно законски измени континуирано
4.2.3 Мониторирање на  примена на одредбите од Кодексот на стручни работници во праксата -Воспоставен систем на следење на примена на Кодексот на стручни работници континуирано

 

Специфична цел 4.3 Планиран континуиран професионален развој на стручните работници во системот на социјална заштита

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
4.3.1 Изготвување на Програма на Заводот за Континуирана едукација на стручните работници во установите во социјалната заштита за 2015 година  -Изготвена Програма прв квартал  2015
4.3.2 Поддршка на давателите на услуги за изготвување на план за КПР на организационо и индивидуално ниво -Изготвени планови континуирано
4.3.3 Организирање и испорака на обуки -Испорачана основна  обука во траење од 40 часа за нововработени I , II  и III квартал 
  – испорачана континуирана обука во траење од 20 часа за лиценцирани стручни работници континуирано
4.3.4 Мониторирање на  примената на стекнатите знаења  и вештини од обуките во практичната работа со корисници -Применети стекнати знаења и вештини (верификатор – стручна документација ) континуирано

 

  

Специфична цел 4.4. Унапредени компетенции на стручните работници во ЦСР преку примена  на стандарди и процедури за раководење со предмет и за работа со одредени видови корисници

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
4.4.1 Следење на имплементацијата на стандардите и процедурите за работа  на ЦСР -Имплементирани стандарди и процедури континуирано
4.4.2 Изготвување на стандарди и процедури за подрачје семејно насилство -Изготвени  стандарди и процедури за подрачје семејно насилство II  квартал
4.4.3. Следење на имплементацијата на стандардите и процедурите за подрачје семејно насилство Имплементирани стандарди и процедури за подрачје семејно насилство III и IV  квартал

 

Специфична цел 4.5. Унапреден квалитет на социјалните услуги преку осовременета  и ревидирана стручна документација

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
4.5.1. Тестирање на ревидираната стручна документација во неколку ЦСР -Работни средби во ЦСР –тестирани обрасци за документација втора половина  2015
4.5.2.Изготвување на   конечна верзија на обрасци за стручна документација и доставување до ЦСР -Изготвени конечни верзии на обрасци за стручна документација  крај на 2015
4.5.3. Обука  на стручните работници за примена на ревидираната стручна документација -Реализирана обука – обучени стручните работници за примена на обрасците крај на  2015 и  почеток 2016
4.5.4. Следење на примената на стручната документација -Применети нови обрасци за стручна документација континуирано

 

 

Општа цел 5.  Јакнење на капацитетите на локалните самоуправи и  развој на меѓуинституционалната соработка на локално ниво  како основа за процесот на децентрализација и плурализам на услугите.

 

Специфична цел  5.1 Воспоставување на меѓуинституционална и мултиресорска соработка во локални  заедници заради координирање на активностите во заштита  и давање услуги на ранливите групи граѓани

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
5.1.1 Поддршка на Општинските Центри за социјални услуги и координативните тела  преку обуки, работни средби, мониторинг и евалуација -Функционирање  на Општинските Центри за социјални услуги и координативните тела  во  Кочани, Пробиштип, Дебар и Старо Нагоричани континуирано
5.1.2 информирање на ЦСР во РМ и локални самоуправи за позитивните практики и искуства од четирите пилот општини преку работни средби -Мултиплицирање на практиката во други локални самоуправи континуирано

 

Специфична цел 5.2 Јакнење на капацитетите на локалните самоуправи и заедници за сензибилзизација за потребите  на ранливите категории граѓани и развој на ресурси на локално ниво

 

 

Активности       Очекуван резултат Рокови
5.2.1 Креирање на модул за мапирање на потреби на  ранливите категории граѓани и развој на ресурси на локално ниво   -Изготвен модул втора половина   2015
5.2.2. обуки за заинтересираните страни -Заjакнати капацитети и сензитивност за социјални појави и проблеми и иницијативност за развој на ресурси на локално ниво втора половина   2015

 

РЕЗИМЕ

Основен предуслов за успешно реализирање на  дефинираните програмски задачи на Заводот за социјални дејности-Скопје претставува усогласено  делување на сите актери во достигнување на целите за развој на системот на социјална заштита во РМ. Програмските активности на Заводот за 2015 година ќе бидат усогласени  со вкупниот контекст во кој се одвива процесот на развој  и унапредување, вклучувајки ги приоритетните активности и Проекти  на Владата на Република  Макдонија.

Планираните програмски активности  ќе се реализираат во зависност од  расположливите и достапни средства за реализација  обезбедени  од буџетот на РМ и преку извори од донатори во рамки на планирани проектни активности.

Планираните програмски активности  се реализираат согласно Оперативен  план.