Област:  СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

 

 

Вовед (општо за појавата)

 

ЈУ Завод за социјални дејности Скопје, од почетокот на 2004 година започна со третирање на проблематиката на социјално-исклучените лица, меѓу кои спаѓа и семејното насилство, како сопствено учество во реализација на политиките и приоритетите на МТСП за оваа популација на ранливи лица.

Во периодот од 2004  – 2011 година, ЈУ Завод за социјални дејности  реализираше низа активности во доменот на семејното насилство, согласно своите законски надлежности и годишните програми за работа, како: стручно-методолошки упатства за работа на стручните работници во ЦСР и центрите за лица-жртви на семејно насилство (тнр. „засолништа“), обрасци за евиденција на стручната работа, истражувања, информации, обуки, работни средби, надзори над оваа проблематика и извештаи од нив. Во текот на 2010 година започна процесот на стандардизација на постапките за стручна работа во доменот на семејното насилство, кои доведоа до изготвување на Водичот и Стандардите за работа на стручните тимови во центрите за социјална работа на проблематиката семејно насилство.

Во 2011 година, стручно лице од ЈУ Завод за социјални дејности учествуваше во Обуката за психо-социјален третман за сторители на семејно насилство, а истата година беше подготвен и Концепт за работа на советувалиште за жртви на семејно насилство во ЈУ МЦСР Скопје, со програма за работа.

Со тоа, ЈУ Завод за социјални дејности, Скопје даде практичен придонес во процесот на стручна поддршка на вработените во центрите за социјална работа и центрите за лица-жртви на семејно насилство за работа на проблематиката семејното насилство, како и во реализација на активностите предвидени со Националната Стратегија за заштита од семејно насилство (2008 – 2011).

Семејното насилство претставува збир на однесувања, чија цел е воспоставување на контрола и злоупотреба на моќта над други лица во брачната или семејната заедница, со употреба на сила, застрашување и манипулирање. Тоа постоело отсекогаш, но кај нас од неодамна е препознаено како општествен проблем. Во Македонија, со проблемот на семејното насилство најпрво почнале да се занимаваат некои невладини организации, како ОЖС (која ја води Националната СОС линија за ЖСН), Кризен Центар Надеж, Шелтер Центар, ЕСЕ, кој нуди бесплатана правна помош и советување на ЖСН, и други..

Во 2004 година со измените во Законот за семејство (воведена е нова глава: нарушени односи и насилство во бракот и семејството, предвидени се мерки за заштита спрема жртвите на СН и нови видови на услуги, односно отворени се 6 регионални ЦЖСН во Скопје, Куманово, Велес, Кочани, Струмица и Охрид.  .

Главните овластувања се дадени на ЦСР, меѓутоа НВОите се исто така препознаени и функционираат како главни партнери на ЦСР

 

Iskustvata na Zavodot za socijalni dejnosti, dobieni od brojnite

  • rabotni sredbi,
  • nadzori (vo centrite za socijalna rabota i ustanovite za socijalna za{tita),
  • istra`uvawata,
  • analizite na odredeni socijalno-patolo{ki sostojbi,

ne upatuvaat na одредени rizik faktori,  koi posredno i neposredno vlijaat na namaluvawe na pragot na tolerancija, razgraduvawe na vekovno prifatenite moralni normi i zgolemuvawe na nasilstvoto vo semejstvoto i nadvor od nego:

  • Економски и социјалноматеријални фактори невработеност или губење на работното место, siroma{tijata, nekvalitetnoto domuvawe, skapoto obrazovanie, prodlabo~eniot jaz pome|u bogatiot i siroma{niot sloj od gra|anite
  • Содржините кои ги нудат медиумите, кои се преполни насилство и односи помеѓу луѓето кои се засноваат на владеење на силата, неправдата, davawe prednost na lesen stil na zarabotuva~ka, mamewe na naivnite gra|ani preku ve{ti i dosetlivi formi na odzemawe na nivnite pari,
  • Насилството како глобален феномен
  • И конечнокарактеристиките на личноста Во услови кога сите наши сетила se napadnati, на~inot na razmisluvawe se menuva i na drazbite od sredinata reagirame soodvetno ili nesoodvetno, zavisno od na~inot na koj sme vospitani, od stepenot na li~nata zrelost i izgradenost na karakterot i li~nosta.

 

Реализирани активности за семејно насилство по области

 

Стручни документи

 

  1. Протокол за работа со групите на социјално-исклучени лица (2004 г.)

 

Објавен во Збирката стручно-методолошки упатства и прирачници, Книга 1-Том 1, во 2007 година. Содржина на материјалот:

  • Работно дефинирање на термините социјална исклученост и изложеност на ризик од социјална исклученост
  • Модел на организационо поставување на ЦСР за реализација на политиките на МТСП, во поглед на обезбедување на заштита на социјално-исклучените лица (СИЛ)
  • Операционализација на третманот на СИЛ во ЦСР – Протокол за прием и работа со социјално-исклучени лица)
  • Упатување на корисниците во ЦСР, од страна на други ресорно-надлежни установи
  • Искористување на локалните ресурси во рамките на третманот и социјалната интеграција на корисниците
  • Евиденција и документација на стручната работа со корисниците

 

  1. Стручно-методолошко упатство за работа на проблемот семејно насилство во ЦСР (2004 г.)

Објавен во Збирката стручно-методолошки упатства и прирачници, Книга 1-Том 1, во 2007 година. Содржина на материјалот:

  • Вовед
  • Нормативна рамка
  • Законска дефиниција на насилството во бракот и семејството
  • Работа на ЦСР во доменот на семејното насилство (организација на работа, активности за превенција на семејното насилство, работа со жртва на семејно насилство, работа со сторител на семејно насилство, методи и техники на стручна работа, мрежна соработка со други ресорно-надлежни субјекти, водење евиденција и документација на стручната работа со корисници со проблеми од семејното насилтво)
  • Прилози (1. Индикатори за разните облици на насилство и последиците од насилство, 2. Словенечки модел за интерресорска соработка на пробемот семејно насилство – работа на мултипрофесионален тим, 3. Евидентни листи и други обрасци за стручна работа)

 

  1. Стручно-методолошко упатство за начинот на организација и работа со жртви на семејно насилство во Центар за лица-жртви на семејно насилство (2004 г.)

 

Објавен во Збирката стручно-методолошки упатства и прирачници, Книга 1-Том 1, во 2007 година. Содржина на материјалот:

  • Вовед
  • Дефинирање на Центарот за лица-жртви на семејно насилство и неговата улога во обезбедувањето заштита на згрижените корисници (ЦЖСН)
  • Услуги кои ги обезбедува Центарот за лица-жртви на семејно насилство
  • Корисници на услугите во Центарот за лица-жртви на семејно насилство
  • Услови за отпочнување со работа на Центар за лица-жртви на семејно насилство (просторна локација, организациона поставеност, опременост, кадри, евиденција и документација на стручната работа, соработка на стручните кадри со други надлежни институции)
  • Прилози (1. Изјава за согласност за прифаќање на куќниот ред, 2. Куќен ред на ЦЖСН, 3. Регистар на корисници на ЦЖСН, 4. Евиденциона карта на корисник, 5. Формулар за извештај, 6 Евиденциона листа на услуги во ЦЖСН)

 

  1. Водич и Стандарди за работа на стручните тимови во центрите за социјална работа на проблематиката семејно насилство (2010 г.).

Испечатен е во 2010 година, со финансиска поддршка од УНИФЕМ.

Содржина на материјалот:

  1. Стручна работа во ЦСР
  • Фаза на откривање
  • Фаза на проценка
  • Фаза на планирање
  • фаза на третман и заштита
  • Фаза на евалуација и ревизија
    1. Соработка и координација со останатите партнери
  • Превентивна работа
  1. Евиденција и документација на стручната работа

 

  1. Информативна брошура за запознавање на корисниците во ЦСР за поважните прашања, поврзани со проблемот семејно насилство

Информативната брошура за семејното насилство е во фаза на печатење

  1. Инструменти за евиденција и документација на стручната работа со носителите на појавата (жртви и сторители на семејно насилство) во центрите за социјална работа, центрите за лица-жртви на семејно насилство (тнр. засолништа), како и во рамките на Ресурсниот центар за лица во социјален ризик (2004 – 2010 г)

 

Инструментите се составен дел на стручно-методолошките упатства за работа на ЦСР и засолништата за работа на проблематиката семејно насилство. Истите се дистрибуирани до сите ЦСР во 2005 година. Инструментите опфаќаат сет на:

а)  Основни Листи

1) Лист за лице во социјален ризик

2) Лист за домаќинство

б) Компонибилни листи (листи за жртва и за сторител на семејно насилство). Во секој од листите се содржат следните делови:

1) Идентификациони податоци за лицето,

2) Податоци за видот на семејното насилтво,

3) Податоци за видот на мерката за помош и заштита

 

  1. Концепт за работа на советувалиште за жртви на семејно насилство во ЈУ МЦСР Скопје, со програма за работа (2011 г.)

 

Овој материјале е изготвен на барање на МТСП и е испратен во Министерството за труд и социјална политика, како и во и ЈУ МЦСР Скопје во април, 2011 година.

Согласно предвидената програма за работа, Советувалиштето за жртви на семејно насилство во Скопје ќе обезбедува психо-социјални услуги на лица кои доживеале или се во ризик да доживеат семејно насилство, со цел за нивно зајакнување и ресоцијализација, преку примена на индивидуална и групна советувалишна работа.

 

Аналитички материјали

 

  1. Информација за работата на 5 ЦСР во Македонија (Скопје, Битола, Куманово, Кочани и Струмица), како и центрите за жртви на семејно насилство, – нивни организациони делови (2005 г).

Целта на оваа информација беше да се согледа практичната примена на измените и дополнувањата на два закони – Законот за семејство и Законот за социјална заштита, во делот на заштитата на жртвите на семејно насилство, како и практичната примена на стручно-методолошките упатства, изготвени во ЈУ ЗСД, за работа на стручните работници од центрите за социјална работа (ЦСР) И ЦЖСН (центрите за жртви на семмејно насилство, или тнр. „засолништа“) на проблематиката семејно насилство.

Предмет на информацијата беа:

  • Центрите за жртви на семејно насилство, отворени во рамките на масно-надлежните ЦСР (со податоци за нивниот број, локација, карактеристики, начин на функционирање, број на згрижени жртви на семејно насилство) и
  • Центрите за социјална работа (со податоци за бројот и видот на стручните профили вклучени во третирањето на оваа проблематика, како и видот на услугите, мерките и активностите, кои тие ги преземаат кон жртвите и сторителите на семејно насилство, заради помош и заштита на жртвите на семејното насилство).

 

  1. Реализираше истражување и подготви Извештај за проблематиката семејно насилство во РМ, третирана во сите ЦСР во РМ (2006 г.)

 

Целта на ова истражување беше тројна. Имено, со истражувањето требаше да се добие:

  • Увид во Обемот на појавата, нејзината просторна и социјална дисперзија, карактеристики на носителите на појавата и нејзиниот феноменолошки карактер
  • Увид во работата на стручните работници со жртвите и сторителите на семејно насилство (совпаѓање на потребите, планираните со обезбедените мерки и услуги на носителите на појавата), по добиените обуки и дистрибуирани методолочки упатства
  • Увид во соработката на социјалните служби со останатите субјекти во локалната заедница, кои се исто така законски надлежни за работа на проблемот семејно насилство.

 

Обуки

 

  1. Обука на претставник од ЈУ Завод за социјални дејности (Душанка Петрова), според методот Тренинг на тренери, за работа со жртви на семејно насилство (2006 година)

Обуката беше реализирана од страна на експерти од Хрватска кои го пренесоа своето знаење за работа со жртвите на семејно насилство, како и формите на помош и заштита спрема нив, на група на стручни лица од Македонија, – професионалци од областите: социјална заштита, здравство, полиција и невладин сектор. Обучените стручни лица имаа обврска да го пренесат своето знаење на други професионалци, колеги во областа.

  1. Две регионални работни средби за работа на ЦСР на проблематиката семејно насилство (2006 г.)

 

Двете регионални работни средби под наслов „Подигање на свесноста за проблемот со семејното насилство“ и финансиски помогнати од УНИЦЕФ, се реализираа со претставници од сите ЦСР во РМ, со цел:

  • Да се направи согледување за начинот на кој стручните работници се справуваат со проблемот семејно насилство
  • Да се добие повратна информација за применливоста на стручно-методолошките упатства и инструментите за евиденција на стручната работа, кои Заводот ги подготви во 2004 година
  • Да се споделат главните наоди добиени од истражувањето за состојбата со семејното насилство во РМ, кое Заводот го реализираше во 2005 година, како и од проектните активности, кои МТСП ги спроведуваше со НВОите: ЕСЕ и Акција Здруженска
  • Да се договорат натамошните активности во доменот на семејното насилство

 

  1. Обука на локално ниво (во Кочани), на тема „Подигање на свесноста за проблемот со семејното насилство и работа со жртвите на семејното насилство“ за претставници од полицијата, здравствените институции, ЦСР и НВО, активни во работата со жртвите на семејно насилство. (2007)

 

Оваа обука ја одржаа двајца тренери за семејно насилство, од кои едно лице (Душанка Петрова) беше претставник од ЈУ Завод за социјални дејности. Обуката, одржана во Кочани, и финансиски поддржана од УНИЦЕФ ја посетија 22 лица, вработени во локалните институции од ресорите: социјална заштита, полиција, здравство и невладин сектор.

 

  1. Две работни средби со претставници од сите ЦСР во РМ, во контекст на активностите за тестирање на водичот и стандардите за работа на стручните тимови во центрите за социјална работа на проблематиката семејно насилство (2009 и 2010).
  • За време на работната средба која се реализираше во јуни 2009 година, всушност се разговараше за тековната пракса на стручните работници од сите ЦСР во Македонија, за проблемите со кои се соочувале, како и за успесите кои ги постигнале, во текот на својата работа со жртвите и сторителите на семејно насилство. На оваа обука беа лоцирани и областите од стручно-методолошките упатства, за кои се утврди потреба од ревизија, дополнување и стандардизација.
  • На работната средба која се реализираше во текот на октомври 2010 година, беше предложен Нацрт-текст на Водичот и Стандардите за работа на стручните тимови во центрите за социјална работа на проблематиката семејно насилство. Во текот на тридневната средба се работеше детално на разгледување на целиот текст на документот и се доби повратна информација од учесниците за применливоста на стандардите во пракса. Врз основа на коментарите добиени на оваа работна средба, беше подготвена финалната верзија на споменатиот документ.

 

  1. Обука на претставник од ЈУ Завод за социјални дејности (Билјана Казаковска) за реализирање на психо-социјален третман на сторители на семејно насилство (2011 г).

 

Оваа обука се реализираше во првата половина на 2011 година, од страна на експерти од Хрватска, кои го пренесоа своето знаење за реализација на психо-социјален третман на сторителите на семејно насилство, на група на стручни лица од Македонија, – професионалци од областите социјална заштита, здравство и НВО. Обучените стручни лица по добиената обука ќе имаат обврска директно да го спроведуваат третманот врз сторители на семејно насилство.

  1. Учество во работни групи формирани од МТСП за подготовка на подзаконски акти и стратешки документи од областа на семејното насилство

 

 

Контакт лице:

Душанка Петрова

дипл. социјален работник