Во текот на месец април 2015 година, во рамките на Програмата за континуиран професионален развој на стручните работници од системот на социјална заштита, Заводот за социјални дејности Скопје, одржа обуки за Модул 18 – Трговија со луѓе.

Обуките беа регионални и  се одржаа во Кичево, Кочани, Тетово и Свети Николе. Со обуките беа опфатени 70 стручни работници, кои работат на паричните давања.

Целта на обуките беше стручните работници да  се стекнат со вештини и техники за препознавање на потенцијалните и жртвите на трговија со луѓе.

Во текот на месец мај 2015 година Заводот за социјални  дејности и Министерството за труд и социјална политика, одржаа дводневна обука за помош и поддршка на деца жртви на трговија со луѓе, наменета за вработените во установите за социјална заштита.

Иста ваква обука во текот на месец јуни ќе биде реализирана и со згрижувачките  семејства.

Во текот на месец јуни Заводот за социјални дејности ќе одржи уште 4 регионални обуки на кој ќе бидат обучени уште  70 стручни работници од системот на социјална заштита.

 

За повеќе информации обратете се во Заводот за социјални дејности

Контакт лица:

Емилија Размоска, правник

Тања Цветковиќ Данева, социјален работник