Модулите за обука за стручни работници вработени во центрите за социјална работа и установите за социјална заштита во РМ, во рамките на постапката за лиценцирање беше развиен од страна на Вествотер Интернешнал Парнершипс (Westwater International Partnerships) и Универзитетот од Стратклајд (University of Strathclyde), Шкотска, во консултации со персоналот од центрите за социјална работа, институциите за социјална заштита, персоналот од Заводот за социјални дејности и УНИЦЕФ.
Комплетот на прирачници за секој од модулите беше подготвен за да им помогне на вработените стручни работници во јавните установи од системот на социјална заштита во РМ да развијат лични и професионални компетенции во работата со лицата со различни видови на социјални ризици и претставува составен дел од нивниот основен и континуиран професионален развој во системот за социјална работа.
Бр. | Тип на модул | Професионален стандард и наслов на модулот | |
Еден | Основен | Промовирање на еднаквост и вреднување на | |
различноста кај луѓето | |||
Два | Основен | Комуникација со луѓе | |
Три | Основен | Разбирање на потребите за и работа со деца во | |
ризик | |||
Четири | Основен | Работа со семејствата | |
Пет | Основен | Работа со заедниците | |
Шест | Основен | Рефлексивно размислување за праксата со | |
употреба на преглед еден на еден | |||
Седум | Факултативен | Планирање на терапевтска активност и | |
имплементација | |||
Осум | Факултативен | Социјална групна работа | |
Девет | Факултативен | Раководење со грижата | |
Десет | Факултативен | Проценка на потребите на корисниците | |
Единаесет | Факултативен | Раководење со прегледот еден на еден и | |
континуиран професионален развој | |||
Дванаесет | Факултативен | Вештини за раководење во социјалната | |
заштита | |||
Тринаесет | Факултативен | Планирање, раководење и мониторинг на | |
континуираниот професионален развој | |||
Четиринаесет | Факултативен | Реализација на учењето и развојот | |
Петнаесет | Факултативен | Посвојување | |
Шеснаесет | Факултативен | Родова рамноправност во социјалната работа | |
Седумнаесет | Факултативен | Почетна обука за професионалци вклучени во | |
Социјална интервенција со стари лица | |||
Осумнаесет | Факултативен | Трговија со луѓе | |
Деветнаесет | Факултативен | Работа со маргинализирани заедници/групи во | |
ризик |
Програмата се состои од шест основни модули и тринаесет факултативни модули. Сите модули ги опфаќаат потребите за учење и развој во областа на социјалната заштита во Заводот за социјални дејности, во центрите за социјална работа, вработените во институциите за деца и дневните центри – како на ниво на практичари, така и на менаџерско ниво.