Во рамките на годишните програмски задичи на ЈУ ЗСД-Скопје, како дел од процесот на лиценцирање и континуиран професионален развој на стручните лица во системот на социјална заштита, од месец февруари до април  2015 година беа одржани 4 еднодневни обуки.

На обуките учествуваа 58 стручни работници од повеќе центри за социјална работа во РМ, а се однесуваа на:

  • проценка, третман и заштита на деца во ризик и нивните семејства;
  • работа и треман со деца жртви;
  • практична имплементација на „Стандардот и процедуратана за постапување на центарот за социјална работа во делот на правда за деца“ .

Во месец февруари 2015 година, одржана е дводневна обука на 12 стручни лица од СОС Детско село – Скопје, на која се стекнаа со знаења и вештини за:

  • Законот за правда за децата и интерсекторска соработа – протоколи за постапување;
  • Местото и улогата на установата во третман и заштита на деца во ризик и деца во судир со законот;
  • Улогата на установата во третман и заштита на деца жртви и сведоци на кривични дела во сите фази на постапување (пред, за време и по судење).

 

 

За повеќе информации обратете се во Заводот за социјални дејности

Контакт лица:

Снежана Пајовиќ Мишевска, психолог

д-р Невена Петровска, педагог