ВОВЕД

 

Република Македонија за своето население се грижи преку создавање на социјални и економски услови кои обезбедуваат оптимален квалитет во задоволување на основни, но и специфични потреби. За таа цел законодавството уредува одредени облици на заштита на семејството и унапредување на семејните односи и релации.

 

Со цел увид и следење на динамика на брачни и семејни релации во ризик и користење на услуги и мерки за заштита во системот на социјална заштита, изработен е компаративен преглед за 2014/2015 година врз основ на податоци од центри за социјална работа.

 

Обработени податоци се однесуваат на бројот на постапки во давање на услуги и мерки на заштита во оваа проблематика. Податоците се добиени од 30 центри за социјална работа,  и даден е преглед преку компарација на податоците од 2014 со 2015 година, преку следните индикатори:

 

  1. Број на постапки во ризик лица со нарушени партнерски или брачни односи – тука се опфатени постапки во надминување на партнерски конфликт од брачна и вонбрачна заедница и бракоразводни постапки;
  2. Број на покренати постапки за вонбрачно доверување;
  3. Број на покренати постапки за уредување на личните односи и непосредни контакти на дете со родител или блиски сродници со кого не живее;
  4. Број на постапки за вршење надзор над родителското право;
  5. Број на постапки за одземање на родителското право.

 

Во извештајот е прикажана општа слика за движење на ризици врзани со дисфункционалност на партнерски и семејни релации, однос родител-дете и мерки на заштита кога постои ризик во извршување на родителската улога. Податоците се прикажани табеларно и графички по региони и одделно во табела за сите центри за социјална работа во Р.Македонија. Воедно е прикажан и бројот на постапки во кои се применети мерки на заштита на дете од страна на ЦСР како орган за старателство.

 

Податоците од извештајот се појдовна основа за понатамошна анализа која ќе опфати тригодишен период  (2014, 2015 и 2106 година) како релевантен за подетална анализа на движење на ризиците.

 

Табела 1

Компаративен преглед на број на постапки и мерки на заштита во проблематика на брак и семејство по региони во 2014/2015 година

 

РЕГИОНИ  2014

година

 2015

година

 

  

Разлика

СКОПСКИ 987 1083 +96
ЈУГОЗАПАДЕН 367 354 -13
ПОЛОШКИ 364 480 +116
ПЕЛАГОНИСКИ 591 860 +269
ВАРДАРСКИ 348 531 +183
ЈУГОИСТОЧЕН 325 457 +132
ИСТОЧЕН 404 423 +19
СЕВЕРОИСТОЧЕН 179 374 +195
ВКУПНО 3565 4562 +997

 

 Графикон 1

Компаративен преглед на број на постапки и мерки на заштита во проблематика на брак и семејство по региони во 2014/2015 година

  

Од податоците е евидентно дека во 2015 година за 997 е зголемен бројот на постапките во ЦСР во проблематиката на брак и семејство. Регионално гледано ваквиот тренд е присутен во 7 од 8 региони. Имено, во југозападниот регион има помал број на постапки, и тоа: за вонбрачно доверување (-5) и уредување на контактакти на дете со родител или блиски сродници (-8). Најмала позитивна ралика е во источниот регион (+19), а најголемиот раст е во пелагонискиот регион (+269). Во другите региони растот се движи помеѓу 100 и 200 постапки.

 

Табела 3

 Компаративен преглед на број на постапки и мерки во ЦСР по региони за 2014/2015 година во областа на брак и семејство

  

РЕГИОНИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА  2014

година

2015 година   РАЗЛИКА

 

СКОПСКИ Скопје ∑=987 ∑=1083 +96
ЈУГОЗАПАДЕН КичевоОхрид

Дебар

Струга

М.Брод

 

90132

40

92

13

∑= 367

78118

79

66

13

∑=354

-12-14

+39

-26

0

∑= -13

ПОЛОШКИ ГостиварТетово 228136

∑=364

279201

∑=480

+51+65

∑= +116

ПЕЛАГОНИСКИ БитолаПрилеп

Ресен

Крушево

Демир Хисар

337219

20

8

7

∑=591

498313

19

11

19

∑=860

+161+94

-1

+3

+12

∑= +269

ВАРДАРСКИ КавадарциВелес

Свети Николе

Неготино

42158

91

57

∑=348

151146

158

76

∑=531

+109-12

+67

+19

∑= +183

ЈУГОИСТОЧЕН СтрумицаВаландово

Гевгелија

Радовиш

15764

51

53

∑=325

19559

109

94

∑=457

+38-5

+58

+41

∑= +132

ИСТОЧЕН БеровоДелчево

Виница

Штип

Пробиштип

Кочани

3056

54

143

24

97

∑=404

3343

75

155

29

88

∑=423

+3-13

+21

+12

+5

-9

∑= +19

СЕВЕРОИСТОЧЕН КумановоКратово

Крива Паланка

10720

52

∑=179

 

28437

53

∑=374

+177+17

+1

∑= +195

ВКУПНО  30  3565  4562

 

 +997
            

 

Во 2015 година во 8 центри за социјална работа има помал број на постапки во однос на 2014 година. Тоа не се значително големи разлики, се движат од -1 во ЦСР Ресен до -26 во Струга. Во преостанатите 6 ЦСР во кои има намален број на постапки две се од југозападниот регион: Кичево (-12) и Охрид (-14); Велес (-12) од вардарскиот; Валандово (-5) од југоисточниот и Кочани (-9) од североисточниот регион.

 

По однос на растот на бројот на постапки најголемата разлика се јави во ЦСР Куманово каде во 2015 година имало 284 постапки, т.е. во споредба со 2014 година (107) се зголеми за 177 постапки што е повеќе од 100%.

 

Табела 2

 Компаративен преглед на број на постапки по ризици и мерки во региони за 2014/2015 година

 

  

РЕГИОНИ

 нарушени партнерски или брачни односи

 

 вонбрачно доверување  уредување на лични односи и непосредни контакти на дете со родител или член на семејство со кого не живее  вршење надзор над вршењето на родителско право

 

 одземање на родителско право

 

 

 

 

 

2014 2015 2024 2015 2014 2015 2014 2015 2014 

 

 2015

 

СКОПСКИ 650 663 64 75 250 274 13 69 10 2
ЈУГОЗАПАДЕН 257 260 13 8 92 80 4 4 1 2
ПОЛОШКИ 302 372 17 26 41 79 2 2 2 1
ПЕЛАГОНИСКИ 309 521 47 48 226 237 8 50 1 4
ВАРДАРСКИ 222 269 9 12 102 214 8 29 7 7
ЈУГОИСТОЧЕН 226 281 21 21 75 142 2 12 1 1
ИСТОЧЕН 280 280 9 22 106 110 7 9 2 2
СЕВЕРОИСТОЧЕН 141 305 11 8 27 55 0 6 0 0
 ВКУПНО  2387  2951  191  220  919  1191  44  181

 

 24  19
РАЗЛИКА   + 564   +29   +272   +137   – 5

 

 

Од податоците се констатира следново:

 

  1. Постапување во ризикот нарушени партнерски или брачни односи

Во сите региони има зголемување на бројот на постапки по овој ризик, додека во источниот остана на исто ниво. Вкупната разлика во 2015 година споредбено со 2014 година изнесува +564.  Како и во 2014 година, така и во 2015 година во центрите за социјална работа најголем број на услуги се однесувал на постапки во разрешување на партнерски конфликти и мировна постапка. Во скопскиот и во пелагонискит регион имало најголем број во двата периода. Во 2014 година со најмал број бил североисточниот регион, а во 2015 година тоа бил југозападниот. Евидентно од табелите во прилог значителна разлика во растот има во ЦСР Кавадарци од 42 на 109, а посебно се издвојува ЦСР Битола – од 337 на 498.

 

 

 

 

  1. Постапка за вонбрачно доверување

Во Р.Македонија во 30 ЦСР на годишно ниво просечно се водат 205 постапки за вонбрачно доверување гледано од податоците за 2014 година (191), и за 2015 година (220). Гледано по региони помеѓу нив има разлики во двата периода; најмногу во скопскиот регион, потоа во пелагониските, а во другите бројката се движи од 8 до 26 постапки годишно.

Евидентно е дека во 2015 година има зголемување вкупно за 29 постапки, и тоа најмногу во источниот регион – за 13 (од 9 на 22) од кои во ЦСР Берово има 7, а во скопскиот  и полошкиот регион зголемен е за 11. Во другите региони бројката не е значително различна во 2015 година споредбено со 2014 година. Во 11 центри за социјална работа немало постапка за вонбрачно доверување, додека во 2014 година немало во 7 ЦСР. Може да се констатира дека во 2015 година за 29 се зголемил бројот на постапки, а за 4 се намалил бројот на центри во кои се воделе вонбрачните доверувања.

 

  1. Постапки за уредување на личните односи и непосредни контакти на дете со редител или со член од семејство со кое не живее

Вкупната разлика на бројот на постапки по овој ризик покажува дека во 2015 година имало 272 постапки повеќе од во 2014 година. Регионално гледано, најголем број на постапки – преку 200 во двата периоди биле водени во скопскиот и во пелагонискиот регион. Евидентно од табелите во прилог е дека од 30 центри за социјална работа, во 24 има зголемување или незначителна разлика на бројот на постапките. Во 6 центри податоците покажуваат намалување во 2015 година спредбено со претходната година, и тоа во: Битола (-48), Велес(-19), Струга  (-19), Делчево (-8), Кочани (-15) и Охрид (-7).

Она што  во 2015 е значително различно од 2014 година, е дека во вардарскиот регион има преку 100% зголемување на постапување по овој ризик, и тоа од 102 на 214 постапки. Интересно е дека во самиот регион има разлики по центрите за социјална работа. Имено, Во ЦСР Свети Николе(+49) и Кавадарци (+74) има пораст, во Неготино незначително, додека во Велес податоците укажуваат на падот на бројот на постапки по овој ризик за 20.

 

  1. Постапки при вршење надзор над родителското право

Податоците покажуваат дека има значителни промени во зголемување на примена на мерката –  надзор над вршењето на родителското право. Додека во 2014 година вкупниот број изнесуваше 44, во 2015 година е зголемен за 137, односно вкупно во сите ЦСР е водена 181 постапка. При тоа се подразбираат сите форми согласно законските одредби, освен одземање на родителското право. Во два региони: југозападниот и источниот нема значителни промени, останале на ниско ниво на примена на оваа мерка, под 10. Најголеми раст на постапките има во скопскиот (+56), во пелагонискиот (+42) и во вардарскиот (+21) регион. Од ЦСР најголема примена има во Битола (+40) за разлика во 2014 кога воделе 4 постапки, а 7 центри не прикажале примена на оваа мерка во 2015 година.

 

  1. Постака за одземање на родителското право

Во текот на 2014 година во 10 центри за социјална работа се воделе 24 постапки на одземање на родителското право, во 2015 година тоа се применело во 13 центри, со вкупно 19 постапки, што е за 5 помалку од претходната година.

 

 

ЗАКЛУЧОК

 

 

Од добиените податоци се констатира дека во центрите за социјална работа во 2015 година во сите ризици вкупно за 997 се зголемил бројот на постапки и мерки на заштита во областа на брак и семејство, сопредбено со претходната година.

 

Гледано по региони во сите ризици најголем број на постапки се работеле во скопскиот и во пелагонискиот регион по сите ризици и мерки, во двата периоди.ж

 

Гледано одделно по центрите за социјална работа постои разноликост во зголемување или намалување во самите центри по однос на одредени ризици. Така во ЦСР Битола во ризик – нарушени партнерски или брачни односи има 164 постапки повеќе, а за 48 намалување во постапки за уредување на личните односи на дете со родителили близок сродник со кои не живее. Ваквата состојба евидентна е и во Велес и Кочани. Во 7 ЦСР има пад во бројот на постапки во двата ризика во 2015 година соредбено со претходната година.

 

Зголемувањето (+181) на примена на мерката на надзор над вршењето над родителското право најмногу е присутна во ЦСР Скопје и во Битола. Ваквата состојба ја сметам за унапредувања на стручната работа која понатаму треба да се подобрува во квалитетот на начинот на примена, следење и евалуација на мерките со крајната цел подобрување на родителските компетенции и родителската одговорност.

 

По добивање на податоци за 2016 година ќе се оформи релевантна база на податоци за квалитативна анализа на движења на социјални појави и социјалните ризици. Согласно програма и надлежности на ЈУ ЗСД Скопје че се следат социјалните ризици и ќе се работи на подигање на квалитетот во давање на услуги во центрите за социјална работа.

 

 

 

Изработи

Аленка Бинички Арсеновски

социјален работник

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРИЛОГ

 

Табела 1

 

Преглед  на проблематика на брак и семејство во  центри за социјална работа во Р.Македонија во 2014 г.

 

   

 

ЈУ МЦСР

 нарушени партнерски или брачни односи   вонбрачно доверување уредување на лични односи и непосредни контакти на дете со родител или член на семејство со кого не живее   

надзор над вршењето на родителско право

  

одземање на родителско право

ВКУПНО
БЕРОВО 25 0 2 2 1 30
БИТОЛА 159 29 146 3 0 337
ВАЛАНДОВО 52 0 12 0 0 64
ВЕЛЕС 91 6 57 0 4 158
ВИНИЦА 39 3 10 2 0 54
ГЕВГЕЛИЈА 45 1 5 0 0 51
ГОСТИВАР 187 9 28 2 2 228
ДЕБАР 34 2 2 1 1 40
ДЕЛЧЕВО 34 0 20 1 1 56
Д.ХИСАР 4 0 3 0 0 7
КАВАДАРЦИ 24 1 12 4 1 42
КИЧЕВО 72 4 14 0 0 90
КОЧАНИ 67 2 28 0 0 97
КРАТОВО 15 2 3 0 0 20
К.ПАЛАНКА 41 0 11 0 0 52
КРУШЕВО 7 0 1 0 0 8
КУМАНОВО 85 9 13 0 0 107
М.БРОД 7 0 4 2 0 13
НЕГОТИНО 41 2 14 0 0 57
ОХРИД 83 3 46 0 0 132
ПРИЛЕП 129 12 73 5 0 219
ПРОБИШТИП 16 1 7 0 0 24
РАДОВИШ 34 1 15 2 1 53
РЕСЕН 10 6 3 0 1 20
СВ.НИКОЛЕ 66 0 19 4 2 91
СКОПЈЕ 650 64 250 13 10 987
СТРУМИЦА 95 19 43 0 0 157
СТРУГА 61 4 26 1 0 92
ТЕТОВО 115 8 13 0 0 136
ШТИП 99 3 39 2 0 143
ВКУПНО 2387 191 919 44 24 3565

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Табела 2

 

Преглед  на проблематика на брак и семејство во  центри за социјална работа во Р.Македонија во 2015 г.

 

 

 

  

ЈУ МЦСР

ЦСР

 нарушени партнерски или брачни односи   

 вонбрачно доверување

уредување на лични односи и непосредни контакти на дете со родител или член на семејство со кого не живее  надзор над вршењето на родителско право   

одземање на родителското право

ВКУПНО
БЕРОВО 21 7 3 1 1 33
БИТОЛА 323 34 98 43 0 498
ВАЛАНДОВО 37 0 22 0 0 59
ВЕЛЕС 96 9 38 1 2 146
ВИНИЦА 41 6 26 2 0 75
ГЕВГЕЛИЈА 57 9 36 7 0 109
ГОСТИВАР 215 6 56 1 1 279
ДЕБАР 58 4 15 1 1 79
ДЕЛЧЕВО 27 0 12 3 1 43
Д.ХИСАР 10 0 9 0 0 19
КАВАДАРЦИ 57 1 86 5 2 151
КИЧЕВО 59 4 15 0 0 78
КОЧАНИ 70 3 13 2 0 88
КРАТОВО 32 1 4 0 0 37
К.ПАЛАНКА 31 0 20 2 0 53
КРУШЕВО 9 0 2 0 0 11
КУМАНОВО 242 7 31 4 0 284
М.БРОД 8 0 4 1 0 13
НЕГОТИНО 45 2 22 6 1 76
ОХРИД 77 0 39 1 1 118
ПРИЛЕП 162 14 128 7 2 313
ПРОБИШТИП 14 0 14 1 0 29
РАДОВИШ 58 2 29 4 1 94
РЕСЕН 17 0 0 0 2 19
СВ.НИКОЛЕ 71 0 68 17 2 158
СКОПЈЕ 663 75 274 69 2 1083
СТРУМИЦА 129 10 55 1 0 195
СТРУГА 58 0 7 1 0 66
ТЕТОВО 157 20 23 1 0 201
ШТИП 107 6 42 0 0 155
ВКУПНО 2951 220 1191 181 19 4562