Известување за обновување на лиценца за работа

Комисијата за лиценцирање ги информира стручните работници на кои им е истечена лиценцата за работа во периодот од мај 2019 година или истата им истекува до крајот на 01.10 2020 година, дека можат да поднесат барање за обновување на лиценца во периодот од 10.07.2020 година до 20.07.2020 година.
Сите заинтересирани кандидати барањето за обновување на лиценца за работа, заедно со другите потребни документи во овој рок треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 – а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за обновување на лиценца:

  • барање за обновување на лиценца
  • (образец);

  • доказ за постоечката лиценца за работа (копија од решение или лиценца);
  • доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната;
  • потврда за освоени бодови согласно Програмата (потврдите ќе бидат изготвени и ставени во прилог на досието од страна на ЈУ Завод за социјални дејности, за сите стручни работници кои ја имаат поминато едукација);
  • решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга (за вработените во јавните установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги
  • доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница).

 

Лица за контакт:
Томислав Цветковски мобилен 075 209 002
Ана Бошњак мобилен 076 284 660
(ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје) телефон 02/3230-401 e-mail:juzsd-sk@mtsp.gov.mk

 

Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои сакаат да извадат лиценца за работа во градинки.