ПОВИК за пријавување на кандидати за членови на Комисии при ЈУ Завод за социјални дејности –Скопје

1.Комисија за лиценцирање

Јавната Установа Завод за социјални дејности – Скопје, согласно Законот за социјалната заштита ( СЛ.Весник на РСМ бр,104/2019) издава, обновува, продолжува и одзема лиценци за работа на стручните работници во установи за социјална заштита и други даватели на социјални услуги, води регистар на издадени, обновени, продолжени и одземени лиценци и спроведува стручен испит во постапката за издавање и обновување на лиценци.За вршење на овие работи Заводот за социјални дејности формира Комисија за лиценцирање, по претходна согласност на министерот.

Комисијата за лиценцирање е составена од 9 ( девет ) членови со мандат од 4 (четири ) години, претставници од следниве институции:

  • Завод за социјални дејности –  3 (три ) претставници
  • Високо-образовни установи за социјална работа и социјална политика  – 3 (три ) претставници
  • Министерство за труд и социјална политика – 3 (три ) претставници

За таа цел се повикуваат заинтересирани претставници од горе наведените институции кои поседуваат знаења, вештини и компетенции во сферата на социјалната заштита и се мотивирани со сопственото ангажирање да учествуваат во реформските процеси во системот на социјална заштита, да искажат интерес за членување во Комисијата за лиценцирање, која ги врши следниве работи:

  • одлучува за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценци за работа,
  •  го спроведува стручниот испит,
  •  донесува Деловник за работа,
  • води евиденција за учествата на обуки и дополнителните професионални активности на стручните работници даватели на социјални услуги,
  • ги подготвува прашањата за стручниот испит,
  • ги ажурира прашањата за стручниот испит најмалку еднаш годишно.

 Членовите на Комисијата за лиценцирање имаат право на годишен паричен надоместок во износ од најмногу две просечни исплатени месечни нето плати во Република Северна Македонија за претходната година, кој го определува министерот со решение.

Стручните и административните работи за потребите на работата на Комисијата за лиценцирање ги врши Заводот за социјални дејности.

Потребни документи :

Писмо за интерес

Доказ за вработеност во горенаведените институции

Доказ за работен стаж во областа на социјална заштита (за Комисијата за одобрување на програми за континуирана професионална едукација )

Рокот за доставување на потребните документи  е  до 22 јули 2019 година, на следната адреса: Ул. ,,11 Октомври,, 42а, Скопје или на E-mail адреса:

 juzsd-sk@mtsp.gov.mk

лице за контакт: Емилија Размоска

контакт телефон: 02 3230 401 или 070-249-392