Според податоците добиени во програмата ЛИРИКУС бројот на активни досиеја за лица со пречки во менталниот развој и телесна попреченост на почеток на 2015 година изнесува 4686 лица.

Во текот на првиот квартал регистрирани се 169 нови досиеја, а пасивизирани се 98. Бројот на активни досиeја заклучно со состојба 31.03.2015 изнесува 4750, односно 21,2% од вкупниот број на евиденирани корисници по сите социјални ризици, кој изнесува 22453. (табела бр.1)

 

Состојба на корисници на ризици и даватели на услуги за период 01.01.2015 – 31.03.2015
Активни досиеја на почеток Нови Пасивизирани   

Активни досиеја на крај

 

 

 4686  169  98  4750

 

 

Табела бр. 1 Состојба на корисници и даватели на услуги во првиот квартал од 2015 година

 

Најголем број на новоевидентирани  досиеја, се забележуваат во југозападниот (80) и скопскиот регион (52). Од двата региона најголем број се забележува во центрите за социјална работа во Кичево и Скопје. (табела бр.2)

 

 Регион  Број на новоевидентирани  досиеја
Североисточен 3
Источен 7
Југоисточен 1
Вардарски 15
Пелагониски 6
Југозападен 80
Полошки 5
Скопски 52
Вкупно: 169

 

 Табела бр. 2 Број на новоевидентирани досиеја во првиот квартал од 2015 година

 

Во првиот квартал од 2015 година, по месеци, бројот на лица со попреченост се движи од 4702 во јануари, 4716 во февруари и 4750 во март, односно со зголемување на бројот  за 48 корисници. (табела бр. 3)

 

Најголем број на лица со попреченост се забележува во источниот регион 792 корисници, кои се 0,4%  од вкупниот број на жители во тој регион. Лицата со попреченост во југозападниот регион се застапени со 0,3 %, во југоисточниот, вардарскиот и скопскиот со 0,2 %, додека во останатите со процентуална застапеност под 0,1%, од вкупниот број на жители во регионите. (графикон бр. 1)

Во споредба со бројната состојба на корисници со попреченост заклучно со 31.12.2014 година, која изнесува 4689 се забележува зголемување за 61 корисник.

Во анализата, во првиот квартал од 2015 година (јануари-март) следена е состојбата и карактеристиките на корисниците со попреченост во 8 региони според следните индикатори:

– вид и степен на попреченост,

– пол,

– возраст и

– етничка припадност

 Според вид и степен на попреченост, најзастапени се лицата со интелектуална попреченост (1707), најтешки облици на хронични заболувања и сериозно нарушена здравствена состојба (882) и комбинирани пречки (851). (графикон бр. 2)

Од вкупниот број на корисници со попреченост 10,8% се лица со телесна попреченост, 8,1% со душевна болест, 2,4% со оштетен вид и 2,8 % со оштетен слух. Најмал број на евидентирани корисници се лица со аутизам и первазивни растројства (0,5%) и лица со пречки во глас, говор и јазик (1,9%).

Од лицата со интелектуална попреченост најголем дел се со тешка интелектуална попреченост(39%) и умерена (36%), додека 24% се со лесна интелектуална и 1% со длабока интелектуална попреченост.

Најголем број на лица со интелектуална попреченост се евидентирани во североисточниот (385 или 41,2%) и источниот регион (361 или 45,6%), додека најмал број во полошкиот регион(60 или 57,6%).

Лицата со најтешки облици на хронични заболувања и сериозно нарушена здравствена состојба се најзастапени во скопскиот (240),  североисточниот (179) и југозападниот регион (170).

Како најголем број на евидентирани корисници со комбинирани пречки се забележуваат во скопскиот (269) и североисточниот регион (176).

Според половата структура на корисниците со попреченост, по месеци е следната: во јануари машки се 2747 и женски 1995, во февруари машки 2761 и женски 1956 и во март машки 2781 и и женски 1966.

Половиот сооднос во текот на првиот квартал е константен и истиот изнесува 1:1,4 машки  спрема женски.

Според возрасната структура, најголем број на корисници со попреченост се до 18 годишна возраст, односно 57% од вкупниот број корисници. Со 13,5% застапени се корисниците на возраст помеѓу 18 и 26 години. Над 26 годишна возраст регистрирани се 1391 корисник, односно 29,3%.

Најголем број од новоевидентираните корисници (28)  се на возраст до 18 години, 7 од 18 до 26 години и 15 корисници над 26 годишна возраст.

Регионално, до 18 години најголем број на корисници се евидентирани во скопскиот (682) и североисточниот  регион (588). На возраст помеѓу 18 и 26 години најголем број корисници се забележуваат во скопски (153) и југозападен (129) регион. Во источниот регион има најголем број на корисници над 26 годишна возраст.

Според етничката припадност, во најголем број од корисниците се Македонци 64,7%, Албанци 18,3%, Турци 3,2%, Роми 10,2%, Власи 0,1%, Срби 0,9%, Бошњаци 0,6% и 1,8% отпаѓа на останато, непознато и неизјаснети, заклучно со 31.03.2015.

Кај повеќето етнички групи  во текот на првиот квартал не се забележани промени или сосема мали разлики од два корисника. Новоевидентираните корисници во текот на првите три месеци претежно се Македонци (18) и Албанци (22).

 

 

За повеќе информации обратете се во Заводот за социјални дејности

Контакт лица: Васка Стефановска и Ивана Двојакова