Податоците за деца жртви на сексуална злоупотреба се однесуваат на активни досиеја за деца по кои постапува центарот за социјална работа по пријава од институции, организации или лица (МВР, ЈО, здравство, образование, НВО, дете, родител/старател и др.). Извештајот се однесува на податоци добиени од електронската база „ ЛИРИКУС“ за број на корисници во сите центри за социјална работа во РМ и се однесуваат за периодот до 31.12.2014 година, како и првиот квартал од 2015 година по региони.

До 31.12. 2014 година на ниво на РМ, во центрите за социјална работа биле активни 124 предмети за „деца жртви на сексуална злоупотреба“, од кои 84% се деца од женски пол, а по националност најзастапени се македонци 60% и роми 25%.

Во првиот квартал од 2015 година не е забележана занчајна разлика како во бројот на евидентирани корисници, така и по пол и националност. (табела бр.1 и табела бр.2)

 

Табела бр.1 : состојба на „деца жртви на сексуална злоупотреба“ до 31.12.2014 година, според националност и пол

 

Националност
Македонци: 75
Албанци: 9
Роми: 31
Турци: 7
Други: 2
Вкупно: 124
Пол
машки женски
 20  104
 Вкупно: 124

 

Табела бр.2 : состојба на „деца жртви на сексуална злоупотреба“ за I квартал до 31.03.2015 година, според националност и пол

 

Националност
Македонци: 80
Албанци: 9
Роми: 32
Турци: 7
Други: 2
Вкупно: 130
Пол
машки женски
 22

 

 108
 Вкупно: 130

 

 

 

Разгледуван бројот на корисниците во првиот квартал, по региони, евидентно е дека најголем број се од Скопскиот регион кој учествува со 26% од вкупно евидентирани во РМ и Источниот регион со 18%. Најмалку евидентитани „деца жртви на сексуална злоупотреба“ се евидентирани во Полошкиот регион.

 

Во првиот квартал на 2015 година, од податоците добиени преку електронската програма „ ЛИРИКУС“, во делот на дадените услуги од страна на стручните работници во центрите за социјална работа за оваа категорија на корисници состојбата на најчесто применувани услуги е следната :

 

  • спрема 25 деца се применила стручно советувалина/советодавна работа;
  • спрема 3 деца применети се мерки на помош и заштита согласно мултисекторската регулатива, како и психо-социјална интервенција/третман;
  • за 5 родители на оваа категорија корисници центарот за социјална работа покренал постапка за надзор над родителското право ;
  • во делот на институционалната форма на заштита 3 деца се сместени во Ју за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми-Скопје, а 2 деца во СОС Детско село-Скопје.

 

Имајќи го предвид бројот на евидентирани деца жртви на сексуална злоупотреба, како и бројот на дадени услуги може да се констатира дека стручните работници не ги евидентират сите применети услуги, согласно ранливоста на децата и нивните семејства.

 

 

За повеќе информации обратете се во Заводот за социјални дејности

Контакт лица:

Снежана Пајовиќ-Мишевска, психолог

д-р Невена Петровска, педагог